Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Смрт: Јазична исправка, replaced: корекција → исправка
с →‎Париз: 1843–1845: Јазична исправка, replaced: ко-уредник → соуредник
Ред 51:
 
=== Париз: 1843–1845 ===
Во 1843 година, Маркс станал ко-уредниксоуредник на новиот, радикален левичарски париски весник, Deutsch-Französische Jahrbücher (Германско-француски записи), а потоа бил поставен од германскиот социјалист Арнолд Руге за да ги обедини германските и француските радикали и на тој начин Маркс и неговата сопруга се преселиле во Париз во октомври 1843 година. Првично живеејќи заедно со Руге и неговата сопруга на 23 Rue Vaneau, тие ги сметале условите на живеење за тешки, па се иселиле по раѓањето на нивната ќерка Џени во 1844 година. Иако имал намера да привлече писатели од Франција и од германските држави, Jahrbücher бил доминиран од германски писатели и единствениот негермански писател бил прогонетиот руски анархистички колективист Михаил Бакунин. Маркс придонел два есеи за весникот, „Вовед во прилог кон критиката на Хегеловата филозофија на правото“ и „За еврејското прашање“, последниот есеј воведувајќи го неговото верување дека пролетаријатот е револуционерна сила и обележувајќи го неговото прифаќање на комунизмот. Било објавено само едно издание, но било прилично успешно, во најголем дел заради вклучувањето на сатиричните оди на Хајнрих Хајн за кралот Лудвиг од Баварија, што ги предизвикало германските држави да го забранат весникот и ги запленат увезените копии (Руге сепак одбил да финансира објавување на дополнителни изданија и неговото пријателство со Маркс прекинало). По затворањето на весникот, Маркс започнал да пишува за единствениот нецензуриран радикален весник на германски јазик, Vorwärts! (Напред!). Со седиште во Париз, весникот бил поврзан со Сојузот на праведните, утопистичко социјалистичко тајно друштво на работници и занаетчии. Маркс присуствувал на некои од нивните состаноци, но не се приклучил. Во Vorwärts!, Маркс ги рафинирал своите ставови за социјализмот засновани врз идеите на Хегел и Фојербах за дијалектички материјализам, и во исто време критикувајќи ги либералите и другите социјалисти кои делувале во Европа.
 
На 28 август 1844 година, Маркс се запознал со германскиот социјалист Фридрих Енгелс во Café de la Régence, кога практично започнало нивното доживотно пријателство. Енгелс му ја покажал на Маркс својата неодамна објавена книга „Положбата на работничката класа во Англија во 1844 година“, убедувајќи го Маркс дека работничката класа ќе биде агент и инструмент на последната револуција во историјата. Наскоро, Маркс и Енгелс соработувале на критика кон филозофските идеи на поранешниот пријател на Маркс, Бруно Бауер. Ова дело било објавено во 1845 година како „Светото семејство“. Иако бил критичен кон Бауер, Маркс сè повеќе бил под влијание на идеите на младите хегелијанци Макс Штирнер и Лудвиг Фојербах, но на крајот Маркс и Енгелс го напуштиле и Фојербаховиот материјализам.