Разлика помеѓу преработките на „Снофру“

Додадени 64 бајти ,  пред 1 месец
нема опис на уредувањето
с (→‎Градежни проекти: Јазична исправка, replaced: модифициран → изменет)
== Должина на владеењето ==
[[Податотека:Snefru_hed-seb_festival.jpg|лево|мини|200x200пкс| Детал на релјеф: Снеферу облечен во бела облека на Сед-фестивалот, од погребниот храм во Дахшур, денес во Египетскиот музеј]]
[[Кралски список од Торино|Кралскиот список од Торино]] прикажува 24 годишно владеење на Снеферу, и денес се смета дека е малку, и дека Снеферу владеел со Египет најмалку 27 години.
 
Според [[Камен од Палермо|Каменот од Палермо]], Снеферу владеел најмалку 28 години. Бидејќи постојат многу периоди во владеењето на Снеферу, овој фараон, најверојатно, владеел повеќе од 30 години за да успее да изгради три пирамиди во своето долго владеење, но не 48 години.
 
== Семејство ==
Снеферу бил првиот крал на четвртата династија на древниот Египет, кој според [[Мането]] владеел 24 години (2613-2589 п.н.е.).
[[Податотека:Abydos_KL_04-01_n20.jpg|лево|мини|195x195пкс| КартушаКартуш со името '''Снеферу''' од Кралскиот список од Абидос]]
Извор од Средното Кралство, го поддржува фактот дека фараонот [[Хуни (фараон)|Хуни]] бил претходник на Снеферу. Во него се вели дека „неговото величество кралот на Горниот и Долнио Египет, Хуни, дошол до местото за лежење (т.е. умрел), а неговото величество кралот на Горниот и Долниот Египет, Снеферу, бил прогласен за корисен владетел во целата оваа земја. . .“<ref>"The Instructions of Kagemni," Papyrus Prisse</ref> Од овој текст дознаваме дека подоцнежните генерации го сметале за „корисен“ владетел. Оваа идеја може да произлезе од етимологијата на името на кралот.<ref>The Oxford History of Ancient Egypt, pg. 93</ref> Не е сигурно дали Хуни бил таткото на Снеферу; сепак, Каменот од Каиро означува дека неговата мајка можеби била жена по име Мересанкх.<ref>The Complete Royal Families of Ancient Egypt, pg. 51</ref>
 
Хетеферес I била главната жена на Снеферу и мајката на [[Хуфу]],<ref name="Ancient Egypt pg. 57">The Complete Royal Families of Ancient Egypt, pg. 57</ref> градителот на Големата пирамида на платото Гиза.
 
== Градежни проекти ==
[[Податотека:Meidoum_pyramide_003.JPG|мини|Пирамидата во Медум]]
Најпознатите споменици од владеењето на Снеферу се трите пирамиди за кои се смета дека ги изградил тој во Дахшур: [[Свиткана пирамида]], [[Црвена пирамида]] и [[Медум]] (пирамидата во Медум). За време на владеењето на Снеферу, имало голема еволуција во монументалните пирамидални структури, што ќе доведе до [[Кеопсова пирамида|Големата пирамида]] на Хуфу, која се смета за врв на величественоста и раскошот на [[Старо Кралство|Старото Кралство]], и за еден од [[Седум светски чуда на античкиот свет|седумте светски чуда на антички свет]].
 
Првата од големите градби на Снеферу е пирамидата во Медум. Постои одредена дебата меѓу научниците за тоа дали Снеферу е градителот на оваа пирамида, а многумина го сметаат фараонот [[Хуни (фараон)|Хуни]] за нејзин градител. Сепак, пирамидата е извонреден пример за напредокот на технологијата и за идеологијата околу погребното место на владетелот.
 
За да можел Снеферу да преземе такви масовни градежни проекти, тој морал да обезбеди работна рака и материјали. Освојувањата на Снеферу во Либија и Нубија служеле за две цели: првата цел била да се добие работна сила, а втората цел била да се добие пристап до суровините и специјалните производи што биле достапни во овие земји.<ref name="Ancient Egypt pg. 144">An Introduction to the Archaeology of Ancient Egypt, pg. 144</ref> Ова се споменува во [[Камен од Палермо|Каменот од Палермо]].
[[Податотека:See_09.180.18_MET_DT259173_(cropped).jpg|мини|Повторно искористени градежни материјали пронајдени во пирамидалниот комплекс на [[Аменемхат I]], за кој првично се мислело дека е опис на фестивалот Сед за Снеферу &nbsp;]]
Според овој натпис, Снеферу можел да зароби голем број луѓе од други нации, да ги направи затвореници и потоа да ги присили да бидат работна сила. За време на неговите освојувања во Нубија и Либија, тој, исто така, го заробил добитокот заради одржување на неговата масовна работна сила. Ваквите упади мора да биле неверојатно катастрофални за населението на тие држави, и се претпоставува дека походите во [[Нубија]] можеле да придонесат за ширење на културата на А-групата во тој регион.
 
Воените напори на Снеферу во древна Либија довеле до заробување на 11.000 затвореници и 13.100 глави на добиток.<ref>Oxford History of Ancient Egypt, Pg. 107</ref> Освен обемниот увоз на кедар (најверојатно од Либан), постојат докази за активност во рудниците за тиркиз на [[Синајски Полуостров|Синајскиот Полуостров]].<ref>The Complete Royal Families, Pg. 50</ref> Исто така, имало големи проекти во каменоломите за да се обезбеди каменот што му бил потребен за неговите пирамиди.
 
Бродот од кедрово дрво на Снеферу Пофалба„Пофалба на двете земјиземји“ е првиот познат пример на брод кој имал име.<ref name="famousfirstfacts">Anzovin, item # 5393, page 385 "Reference to a ship with a name appears in an inscription of 2613 BCE that recounts the shipbuilding achievements of the fourth-dynasty Egyptian pharaoh Sneferu. He was recorded as the builder of a cedarwood vessel called 'Praise of the Two Lands.'"</ref>
 
== Наводи ==