Свети Пантелејмон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Праовписна исправка, replaced: 13ти век → 13 век using AWB
с →‎top: Јазична исправка, replaced: мечови → мечеви
Ред 31:
Набљудувајќи ги неговите дела, лекарите дознале дека Пантелејмон ги лекува затворениците - христијани и за тоа се пожалиле кај царот. Царот кога го повикал го праша каква вера исповеда и му рекол дека треба да ја исповеда верата на многуте богови. Тој му рекол : ”Јас сум се откажал од лажните богови и го прославувам Христа.” Потоа го замолил императорот да донесат некој болен од кој лекарите одамна кренале раце - и рекол дека тој ќе се помоли на Живиот Бог и ќе го исцели, предизвикувајќи ги и незнабожеките лекари да го сторат истото. Луѓето донеле некој парализиран човек, кој сиот живот бил болен: паганските лекари се молеле на нивните идоли за исцелување на болниот, но ништо не се случило. Свети Пантелејмон се помолил на Господ Исус Христос, и болчниот бил излекуван. Императорот се разјарил, го убил излечениот, а Пантелејмон го дал на измачување.
 
Биле доведени и тројцата свештеници кои го вовеле во христијанската вера; тие ја исповедале својата вера пред императорот и биле обезглавени. Свети Пантелејмон бил луто озмачуван, но сепак ги преживувал маките. Разбеснет, [[Максимијан]] наредил да му ја отсечат главата. Војниците, сакајќи да му ја пресечат главата додека се молел, останале вчудоневидени кога нивните мечовимечеви се стопиле на неговиот врат. Откако завршил со молитвата, се чул глас одозгора, како го повикува. Војниците биле преплашени, но Пантелејмон ги повикал да го извршат тоа што им било наредено. Потоа неговото тело било фрлено во оган, но не изгорело.
 
Христијаните го извадиле од огнот и го погребале неговото тело. Тоа се случило во 305 година а дел од неговите мошти можат да се најдат во неколку манастири и цркви во Романија, а дел од нив почиваат и во рускиот манастир на [[Света Гора]].