Министерство за надворешни работи на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Цели и приоритети на надворешната политика: Правописна исправка, replaced: Eвропа → Европа
с →‎Цели и приоритети на надворешната политика: Јазично подобрување, replaced: актери → глумци
Ред 76:
* Промоција на Република Македонија како држава кандидат за членство во НАТО, активно учество воспставената институционална рамка – Партнерство за мир. EAPC, имплементација на Акциониот план за членство во НАТО, со цел создавање на услови поканата за членство да се реализира на НАТО Самитот во 2008 г. Членството на Република Македонија во НАТО ќе значи долгорочна стабилност и безбедност не само за Балканот, туку и за Евро-атлантскиот регион во целина и почеток на финализацијата на концептот за Европа, целовита, слободна и во мир.
* Интензивирање на активностите сврзани со исполнување на неопходните критериуми и нивна презентација со цел донесување на одлука од страна на ЕУ за добивање датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Како земја-кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија во процесот на пристапување гради внатрешно-правни механизми, инструменти и капацитети за хармонизација со правото на ЕУ во оваа област и за остварување активен придонес во развојот на ЗНБП и ЕБОП.
* Континуирано јакнење на стратешкото партнерство со САД и развивање на сестрани партнерски односи со земјите членки на ЕУ и НАТО, при што Република Македонија посветува особено внимание на односите и соработката и со останатите значајни актериглумци на меѓународната сцена, пред сè со Руската Федерација и со Народна Република Кина.
* Република Македонија во односите и соработката со државите од непосредното соседство промовира добрососедство и пријателство и готовност за сестрана соработка во повеќе области од заемен интерес. Добрососедските односи како еден од приоритетите во надворешната политика на Република Македонија претставуваат наша изворна определба, средство за јакнење на меѓусебната доверба и, едновремено, комплементарен фактор на пристапниот пат на Република Македонија кон ЕУ и НАТО.
* Градење сестрани односи на соработка меѓу Република Македонија со сите држави од поширокото соседство - како на билатерален план, така и во рамките на регионалните иницијативи и проекти. Република Македонија активно придонесува во градењето на односи на безбедност, стабилност и соработка во Југоисточна Европа, партиципирајќи во постојаните иницијативи за регионална соработка во целиот регион на Југоисточна Европа.