Евангелие по Итар Пејо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Бришење на "Evangelie_po_Itar_Pejo.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на EugeneZelenko поради: c:Commons:Derivative work: book cover.
с Јазично подобрување, replaced: актери → глумци
 
Ред 1:
'''Евангелие по Итар Пејо''' - поетска збирка на македонскиот писател [[Славко Јаневски]]. Првобитно, книгата била издадена во 1966 година, од издавачката куќа „[[Кочо Рацин (издавачка куќа)|Кочо Рацин]]“.
 
==Содржина==
Збирката содржи 49 песни, и тоа:<ref name="ReferenceA">Славко Јаневски, ''Евангелие по Итар Пејо''. Скопје: Кочо Рацин, 1966.</ref> „Сказание од искони“, „Безименик“, „Сонувајќи тикви на туѓи ниви“, „Старински запис“, „Под кацига череп“, „Орач меѓу скелети“, „Глас Соломона“, „Браќата солунски“, „Климент“, „Сотонохуление на Презвитер Козма против Богомилите“, „Слепци“, „Ивец“, „Теофилакт всемоги Архиепископ Охридски се моли за македонските Словени“, „Самоизгнаник во кругот на зодијак“, „Молитва“, „Песна Муратова“, „Чалма и круна“, „Загатливи балкански прашалници“, „Додолска легенда за Марко од Прилепа по гибелта му“, „Наздравица“, „Болен Пејо“, „Пиколомини огнодарител“, „Во памјат Карпошова“, „Боите на нивното знаме“, „Судбина соседова“, „Песма торбешка за Зејгора“, „Заборавена ноќ“, „Песна монашка од Лешок“, „Сентиментално писмо“, „Световрашка“, „На Мечкин Камен“, „Пресаден чинар“, „Подземен сон“, „Три шинели“, „Тринаесеттата и подоцна“, „Никодим“, „Глуви команди“, „Мера“, „Паганија“, „Песна потомачка на незадушници“, „Тројца на бесилка“, „За татковината и пролетта“, „Азбукарска балада“, „Глува доба“, „Итар Пејо за еден друг“, „Големиот колеж“, „Под точка разно“, „Покана за бал“ и „Банкет“. Притоа, песните се посветени на значајни настани и личности од [[Историја на македонскиот народ|историјата на македонскиот народ]] и од [[Балкански Полуостров|балканската]] историја, како: доаѓањето на [[Словени]]те на [[Балкан]]от, [[св. Кирил и Методиј]], [[св. Климент Охридски]], [[Битката кај Беласица]], [[Маричка битка|Маричката битка]], [[Крале Марко]], [[Карпошово востание|Карпошовото востание]], [[Константин Миладинов]], [[Гоце Делчев]], [[Мечкин Камен]], [[Балкански војни|Балканските војни]] и поделбата на Македонија, [[Итар Пејо]], [[Македонски фронт|Македонскиот фронт]], [[НОБ]], [[Земјотрес во Скопје (1963)|земјотресот во Скопје]], итн.
 
==За книгата==
 
Првото издание на збирката се појавило во 1966 година, од страна издавачката куќа „Кочо Рацин“, во рамките на едицијата „Наша современа [[поезија]]“. Книгата има 94 страници и не е каталогизирана. Нацртот на корицата е дело на [[Коста Бојаџиевски]], а коректор била Катерина Тошева. Книгата била испечатена во графичкиот завод „[[Гоце Делчев]]“ во Скопје, во тираж од 1.000 примероци, а печатаењето било завршено во јуни 1966 година.<ref>Славко Јаневски, ''Евангелие по Итар Пејо''. Скопје: Кочо Рацин, 1966.<name="ReferenceA"/ref> Во јули 1966 година, група актериглумци од [[Македонски народен театар|Македонскиот народен театар]], предводени од [[режисер]]от [[Илија Милчин]], подготвиле рецитал за свечената прослава на шеесетгодишнината на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] во кој биле вклучени и некои песни од збирката. Меѓутоа, поради катастрофалниот [[Земјотрес во Скопје (1963)|земјотрес]], прославата не се одржала, но две недели подоцна рециталот бил изведуван на импровизираните населби и логори во [[Сарај]], [[Петровец]], [[Водно]], [[Градски парк (Скопје)|Градскиот парк]], Железарница итн. Според податоците на [[МНТ]], на овие рецитали присуствувале околу 30.000 посетители.<ref>Славко Јаневски, ''Евангелие по Итар Пејо''. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 91.</ref>
 
== Наводи ==