Базел III: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 12:13, 1 март 2021

Базел III претставува надополнување на Новата базелска спогодба со која се утврдуваат единствени меѓународни правила за регулација на банките.

Историјат

Врз основа на договорот постигнат на состанокот на Управното тело на Базелскиот комитет, одржан на 6 септември 2009 година, во декември истата година, Базелскиот комитет објавил консултативен документ со наслов „Зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор“ (Consultative Document: Strengthening the resilience of the banking sector) во кој понудил неколку предлози за зајакнување на капиталот и ликвидноста, со цел да обезбеди поотпорен банкарски систем:[1]

  1. Јакнење на глобалната капитална рамка, со ревидирање и јакнење на трите столбови утврдени со капиталната спогодба Базел II: зголемување на квалитетот, транспарентноста и конзистентноста на капиталната база; подобрување на покриеноста на ризиците; дополнување на потребниот капитал со стапка на задолженост; намалување на процикличноста и промовирање на противцикличен заштитен слој на капиталот; системски ризик и поврзаноста меѓу финансиските институции.
  2. Воведување на глобален минимум ликвидносен стандард.
  3. Проценка на влијанието и калибрација.

Во текот на јавната расправа биле добиени коментари и забелешки од речиси 300 различни финансиски институции и организации, а Базелскиот комитет спроведол анализа за макроекономското влијание на предложената реформа. Врз основа на добиените коментари и извршената анализа, во јули 2010 година, Групата на гувернери на централните банки и раководители на супервизорските органи (The Group of Governors and Heads of Supervision) ја прифатила предложената реформа. Во ноември 2010 година, на самитот на Г-20 во Сеул се усвоила последната верзија на капиталната спогодба, позната како Базел III, а еден месец подоцна, таа била одобрена на состанокот на Базелскиот комитет

Содржина на Базел III

Базел III се состои од два документа: „Базел III: Глобална регулаторна рамка за поотпорни банки и банкарски системи“ (A global regulatory framework for more resilient banks and banking systems)[2] и „Базел III: Глобална рамка за мерење и следење на ликвидносен ризик и стандарди за ликвидносен ризик“ (International framework for liquidity risk measurement, standards and monitoring).[3] Со првиот документ била воведена стапката на задолженост која треба да служи како комплементарна мерка заедно со стапката на адекватност на капиталот. Исто така, биле воведени макропрудентни елементи во капиталната рамка, со цел да се намали ризикот од процикличност и поврзаност меѓу финансиските институции. Најпосле, во овој документ е содржана и времената рамка со роковите за имплементирање на капиталниот стандард Базел III. Вториот документ ги претставува реформите за зајакнување на ликвидноста на банките која била сериозно нарушена за време на Глобалната финансиска криза од 2008 година.

Наводи

  1. 10. BCBS, „Consultative Document: Strengthening the resilience of the banking sector“, Basel: Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2009.
  2. BCBS, „Basel III: A global regulatory framework for more resilient banks and banking systems“, Basel: Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2010.
  3. BCBS, „Basel III: International framework for liquidity risk measurement, standards and monitoring“, Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 2010.