Разлика помеѓу преработките на „Исхрана“

Додадени 4 бајти ,  пред 6 месеци
с
Јазично подобрување, replaced: протеински → белковински (2)
с (→‎Хранливи материи: Јазично подобрување, replaced: Протеинските → Белковинските)
с (Јазично подобрување, replaced: протеински → белковински (2))
* Редовна консумација на црвено вино
* Поактивен начин на живот вклучувајќи зголемено дневно вежбање, особено пешачење; Французите се многу понезависни од автомобилите отколку Американците
* Поголема консумација на вештачки произведени транс масти од страна на Американците, што се покажало дека има поголеми липопротеинскилипобелковински ефекти на грам отколку заситените масти
 
Сепак, статистичките податоци собрани од Светската здравствена организација од 1990-2000 година покажуваат дека стапката на срцеви заболувања во Франција можеби била потценета и дека всушност може да е слична на онаа на соседните држави.
Во 1925 година Харт откри дека за апсорбирање на железо се потребни мали количини на бакар. Во 1927 година Адолф Ото Рејнхолд Виндаус (Adolf Otto Reinhold Windaus) го синтетизирал витаминот Д за што добил Нобелова награда за хемија во 1928 година. Во 1928 година Алберт Зент-Гиорги (Albert Szent-Giorgyi) ја изолирал аскорбинската киселина, а во 1932 година докажал дека е витамин Ц со тоа што спречил скробут. Во 1935 година ја синтетизирал, а во 1937 година довил Нобелова награда за неговиот труд. Зент-Гиорги истовремено го расветлил и поголемиот дел од циклусот на лимонската киселина.
 
Во 1930-тите години Вилијам Каминг Роуз (William Cumming Roze) ги идентификувал неопходните амино киселини, потребни протеинскибелковински соединенија кои телото не може да ги ситетизира. Во 1935 година Андервуд (Underwood) и Марстон (Marston) поединечно ја откриле потребата од кобалт. Во 1936 година Јуџин Флојд Дубоа (Eugene Floyd Dubois) покажал дека извршувањето на училишните обврски и работата се поврзани со внесувањето на калории. Во 1938 година Ерхард Фернхолц (Erhard Fernholz)ја открил хемиската структура на витаминот Е. Истата беше синтетизирана од страна на Пол Карер (Paul Karrer).
 
Во 1940 година во Обединетото Кралство за време и после Втората светска војна се случи рационализирање врз основа на принципите во исхраната поставени од Елси Видовсон (Elsie Widdowson) и други. Во 1941 година првите дозволени дневни дози (ДДД) беа поставени од страна на Националниот совет за истражување.