Митоза: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга
с →‎Профаза: Јазично подобрување, replaced: протеинскиот → белковинскиот
Ред 22:
=== Профаза ===
 
Генетичкиот материјал во јадрото се наоѓа во вид на силно расплетени нишки наречени [[хроматин]]. Со настапувањето на профазата, хроматинот се кондензира во мошне подредена структура наречена хромозом. Бидејќи генетичкиот материјал претходно се удвоил во S-фазата, реплицираните хромозоми имаат две сестрински [[Хроматида|хроматиди]] поврзани со [[центромер]] со помош на протеинскиотбелковинскиот комплекс [[кохезин]]. Обично хромозомите се гледаат на големо зголемување со [[светлосен микроскоп]].
 
Блиску до јадрото се наоѓаат структури наречени [[центрозом]]и кои се составени од пар на центриоли (се среќаваат само кај повеќето [[Животни|животински]] клетки). Центрозомот е координативниот центар за клеточните микротубули. Секоја клетка наследува по еден центрозом при клеточната делба, кој се реплицира со помош на јадрото пред да започне нова митоза, со што се добива пар на центрозоми. Двата центрозоми и јадрените микротубули (кои можат да се замислат како полови од кои се издаваат клеточни јажиња) го образуваат делбеното вретено со полимеризација на растворливиот [[тубулин]]. Белковините од [[Молекуларен мотор|молекуларниот мотор]] потоа ги придвижуваат центрозомите долж овие микротубули во насока на спротивните страни на клетката. Иако центриолите помагаат во организирање на групата од микротубули, тие не се неопходни за образување на вретеното, што може да се заклучи од тоа што отсуствуваат во растителните клетки,<ref name=Lloyd/> а и од тоа што тие не секогаш се користат во митозата.<ref name=Varmark2004/>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Митоза