Јохан Петер Екерман: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Животопис: дополнување
→‎Творештво: дополнување
Ред 13:
 
==Творештво==
Екерман почнал да пишува песни уште во младоста, но не им обрнувал внимание и воопшто не ги ценел. Неговиот интерес за [[поезија]]та се појавил за време на престојот во Хановер каде бил воодушевен од поезијата на [[Теодор Кернер]]. Тогаш, тој напишал една песна за враќањето на германските војници од војната против француската армија, ја испечатил во неколку стотини примероци и ја разделил низ градот. Песната доживеала голем успех: била објавена во некои списанија, а врз основа на неа еден [[композитор]] создал музичко дело. Оттогаш, тој почнал редовно да пишува песни и истовремено се запознал со делата на [[Шилер]] и Клопсток.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 98.</ref> По напуштањето на гимназијата, како реакција на популарните дела „Вина“ на Милнер и „Прабаба“ на Грилпарцер, во 1820 година, Екерман напишал едно драмско дело кое им ги читал на пријателите, но тие не се изразиле пофално за него. Тогаш, тој одлучил да го преработи делото, но претходно објавил поетска збирка која успеал да ја продаде и да заработи 150 [[Талир|талири]]. По напуштањето на студиите, тој започнал да пишува теоретски статии за книжевноста и во 1823 ја завршил книгата „[[Прилози кон поезијата (Екерман)|Прилози кон поезијата]] со посебен осврт на Гете“.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 103-104.</ref>
 
Денес, творештвото на Екерман енема големо значење, односно неговите критички есеи и збирката „Песни“ (1821) се заборавени, но тој останал познат во [[Историја на книжевноста|историјата на најпознаткнижевноста]] по својата книга „[[Разговори со Гете]]“ (''Gespräche mit Goethe'') која настанала како резултат на неговата работа како личен секретар во последните девет години од животот на Гете.
 
== Наводи ==