Базел I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Ред 5:
 
Во таа смисла, клучен чекор во меѓународната [[регулација на банките]] било донесувањето на Базелската спогодба за единствени стандарди за капиталот на банките, потпишана од 12 индустриски земји на јули 1988 година, а со примена од 1993 година.<ref>Philippe Jorion, ''Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk''. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 44-45.</ref> Базелската спогодба се темели на неколку основни принципи: капиталот има критично значење во заштитата од ризиците; големината на капиталот што треба да го поседуваат банките е поврзан со [[Кредитен ризик|кредитниот ризик]] на одделни видови средства; утврдена е минимална стапка на капитал од 8%, којашто е прифатена од сите земји. Инаку, имајќи предвид дека подоцна е донесена уште една ваква спогодба, првата е позната уште и како Базел I.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание. Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 273-274.</ref>
 
==Структура на Базелската спогодба==
Документот со наслов „Меѓународна конвергенција за мерење капитал и стандарди на капиталот“ (International convergence of capital measurement and capital standards) е поделен во четири дела:<ref>BCBS, „International Convergence of Capital Measurement and Capital Standards“, Basel Committee on Banking Supervision, Basel, 1988.</ref>
# ''Составни делови на капиталот'' - утврдување на висината и видот на [[капитал]] кој е потребно да го држат банките, составен од две категории: основен капитал (Tier 1) и дополнителен капитал (Tier 2). Основниот капитал (Tier 1), дефиниран како „највисока класа на капитал“, се состои од обични акции и некои приоритетни акции и било потребно да биде минимум 50% од вкупниот регулаторен капитал. Дополнителниот капитал (Tier 2), законски од „послаб квалитет“, се состои од различни видови резерви, хибридни капитални инструменти или [[Субординиран долг|субординирани]] термински долгови.
# ''Пондерирање на ризикот'' - дефинира пет подгрупи пондери на ризик 0, 10, 20, 50 и 100%. Банката е должна да ги распореди [[Биланс на состојба|билансните]] и [[Вонбилансни ставки|вонбилансните]] побарувања во соодветни категории на изложеност и да им додели соодветен пондер на ризичност. Пред да изврши распоредување на вонбилансните побарувања, банката е должна одделните вонбилансни побарувања да ги претвори во билансни, со користење на фактори на конверзија.
# ''Целна стандардна стапка'' - третиот дел дефинира граница од минимум 8% за покриеност на активата пондерирана според ризиците (Risk Weighted Assets - RWA) со капиталните резерви основен (Tier 1) и дополнителен (Tier 2) капитал, на тој начин штитејќи ги банките од потенцијални загуби.
# ''Аранжмани за транзиција и имплементација'' - практично претставува агенда за воведување на барањата од Базел I со надзор и контрола на прогресот. Периодот на транзиција бил определен да трае до крајот на 1992 година, а имплементацијата на национално ниво да се спроведе во најрана можна прилика.
 
== Регулаторен капитал и средства пондерирани според ризикот ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Базел_I