Лимфом: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазично подобрување, replaced: малигни → злоќудни (2), Малигни → Злоќудни (3)
Ред 20:
*Т клетки
*Б клетки.
МалигнитеЗлоќудните лимфоми се создаваат од овие [[клетки]]. Почест тип кај возрасните се Б клеточните лимфоми, додека кај децата инциденцата на Т и Б клеточните лимфоми е скоро иста. Лимфомите се делат на два главни типа: Хочкин (ХЛ) и не-Хочкин лимфоми (НХЛ).
 
Некои од не-Хочкин лимфомите ги вклучуваат: Буркит-овиот лимфом, дифузен голем Б-клеточен лимфом, лимфом со фоликуларен центар и mantle-клеточен лимфом. НХЛ е составен од околу 10 подтипови и 20 различни ентитети на болеста. Поделбата е врз основа на тоа дали лимфомот е со низок градус (напредува полека) или висок градус (напредува брзо). НХЛ, исто така, се групирани според клеточниот тип на Б-клеточен или Т-клеточен.
 
Најголемиот број на лимфомите започнуваат во лимфните јазли; околу 20% почнуваат во други органи, како на пример белите дробови, црниот дроб или гастроинтестиналниот тракт. Кога лимфомите ќе се создадат, малигнитезлоќудните лимфоцити се размножуваат неконтролирано и не ги извршуваат своите нормални функции што влијае врз способноста на телото да се бори против [[инфекции]]. НХЛ е многу помалку предвидлив од ХЛ и е поверојатно да се шири во делови надвор од лимфните јазли. МалигнитеЗлоќудните клетки може да ја окупираат коскената срцевина и во зависност од степенот, да го спречат создавањето на нормалните [[црвени крвни клетки]], [[бели крвни клетки]] и [[тромбоцитите]]. Канцерогените клетки исто така, можат да ги нападнат и други органи преку циркулаторниот систем на лимфата, намалувајќи ја функцијата на тие органи.
==Причини==
Точната причина за лимфомите е непозната. Во принцип, мажите се изложени на поголем ризик од жените и ризикот се зголемува со возраста. Лимфомите може да се јават во било која возраст, иако поголемиот дел од овие лимфоми се случуваат кај луѓе на возраст од 15-34 години и над 60-годишна возраст. Во зависност од специфичниот тип, лимфомот може да ги има некои или сите од карактеристики на ракот: брзо размножување на клетките, абнормални клеточни типови, губење на нормалната распределба на клетките и инвазивна способност. Покрај тоа, голем број на лимфоми се значително зголемени во последните години, многу од нив се должат на епидемијата на [[СИДА]] (од причини кои се уште се слабо разбрани, заболените од [[СИДА]] имаат повисока веројатност за развој на не-Хочкин лимфоми). Луѓето изложени на некои [[пестициди]] и на јонизирачко зрачење имаат повисоки од просечните шанси за развој на оваа [[болест]]. На пример, зголемена инциденца на лимфоми е забележана кај преживеаните од [[атомската експлозија]] на бомба во [[Хирошима]] и кај луѓето кои биле подложени на агресивна [[терапија]] со зрачење. Луѓето кои страдаат од имунодефицитарни нарушувања, како и оние кои биле третирани со имуносупресивни лекови при [[трансплантација]] на срцето или бубрезите и состојби како што се ревматоидниот артрит и автоимуните болести, се изложени на зголемен ризик за оваа болест. Некои истражувања покажаа слаба асоцијација помеѓу ретровирусите, како што е HTLV-I и некои ретки форми на лимфом. Epstein-Barr -овиот вирус е поврзан со Буркит-овиот лимфом во африканските земји. Сепак, директна причинско-последична врска не е воспоставена.
Ред 38:
Како и сите видови на рак, лимфомите најдобро се третираат кога ќе се откријат на почетокот. Сепак, тие често тешко се дијагностицираат. Не постојат скрининг тестови на располагање и бидејќи симптомите се неспецифични, лимфомите ретко се препознаваат во раните фази. Откривањето често се јавува случајно при рутински физички преглед. Кога докторот се сомнева на лимфом, темелно се врши физикалниот преглед и комплетна медицинска историја се зема. Зголемени црниот дроб, слезината или лимфните јазли може да сугерираат лимфоми. Крвните тестови ќе го утврдат бројот на крвните клетки и се добива информација за тоа како функционираат органите, како што се бубрезите и црниот дроб. Биопсијата (микроскопска анализа на ткиво) на зголемените лимфни јазли е дефинитивен начин да се дијагностицира лимфом. Кај Хочкиновиот лимфом, одредени карактеристични Рид-Стернберг-ови клетки мора да бидат присутни со цел да се потврди дијагнозата. Во прилог на идентификацијата на овие Рид-Стернберг-ови клетки, другите клетки во погодениот ткивен примерок се испитуваат. Карактеристиките на другите клетки помагаат да се класифицира специфичниот подтип на Хочкинов лимфом. Откако точната форма на лимфом е позната, тогаш се прави стејџирање за да се утврди колку се агресивни и колку далеку се шират. Оваа информација помага да се одреди соодветното лекување. Лекарот може исто така да изврши [[биопсија]] на коскената срж. Во текот на оваа постапка, цилиндричен дел од коската (најчесто од колкот) и течноста од срцевината се отстрануваат. Овие примероци се испраќаат во [[лабораторија]] за испитување. Биопсии исто така може да се повторат во текот на лекувањето за да се види како лимфомот реагира на терапија.
[[Податотека:Limfomi6.jpg|мини|лево|Дијагноза на лимфоми - Биопсија|врска=Special:FilePath/Limfomi6.jpg]]
Конвенционални тестови, како на пример [[Х зраци]], [[компјутеризирана скен томографија]] (КТ скенови), [[магнетна резонанца]] и абдоминални сонограми, се користат за да се утврди степенот на ширење на болеста. Лимфангиограми се рендгенски снимки на лимфниот систем. Во оваа процедура, посебна боја, наречен контрастен медиум, се инјектира во лимфните канали низ една мала [[инцизија]] (посекотина) направена во секоја нога. Бојата се вбризгува полека во текот на период од три до четири часа. Оваа боја јасно го покажува лимфниот систем и овозможува да се издвои. Повеќе рендгенски снимки се прават и сите абнормалности, ако постојат, се откриваат.Во ретки случаи [[лумбална пункција]] се изведува за да се види дали малигнитезлоќудните клетки се наоѓаат во течноста што го опкружува мозокот. Во овој тест, докторот внесува игла во епидуралниот простор во базата на ’рбетот и собира мала количина на [[спинална течност]] за [[микроскопско испитување]].
 
==Третман==
Ред 68:
}}
 
[[Категорија:МалигниЗлоќудни заболувања]]
[[Категорија:Тумори]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лимфом