Хирзутизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
с Јазично подобрување, replaced: малигни → злоќудни
Ред 2:
 
==Опис и причини==
Хирзутизмот претставува изразена појава на влакна на разни делови од телото кај мажите и жените. Појавата на тврди и здебелени влакна (терминални влакна) вообичаено се јавува во [[пубертет]]от, кога доаѓа до поголема активност на [[Полови жлезди|половите жлезди]] при што густината и распоредот на терминалните влакна зависи од полот. Подоцна, паралелно со стареењето, количеството на влакната вообичаено се намалува. Дали некој човек е нормално влакнест зависи и од етничката припадност. На пример, жените на [[Далечниот Исток]] имаат малку влакна по телото, а жените од [[Средоземје]]то имаат поголема густина на влакната.<ref name="ReferenceA">„Козметички проблем, кој ја разболува и женската психа“, ''Здравје'', понеделник, 3 ноември 2014, стр. 13.</ref>
 
Постојат два вида зголемена влакнетост: ''хирзутизам'' и ''[[хипертрихоза]]''. Хирзутизмот означува зголемена појава на терминални влакна при што тие се јавуваат на истите делови од телото како кај мажите. Хипертрихозата претставува зголемен раст на меки влакна по целото тело или само на некои подрачја, особено каде што имало оштетување на [[кожа]]та. Како редок наследен синдром се јавува хипертрихоза на целото тело, а екстремно ретка појава е зголемениот раст на термални влакна по целото тело (синдром на [[врколак]]). Хипертрихозата е често придружена со некоја [[болест]], како: намалена работа на [[Штитна жлезда|штитната жлезда]], [[анорексија]] предизвикана од [[нервоза]], [[Кушингов синдром]], слаба ис[[храна]], некои болести на кожата, некои [[малигнизлоќудни тумори]] и како придружна појава на одредени лекови ([[глукокортикоиди]], [[фенитон]], [[диазоксид]], [[пеницилин]], [[циклоспорин]] итн.).<ref name="ReferenceB">„Козметички проблем, кој ја разболува и женската психа“, ''Здравје'', понеделник, 3 ноември 2014, стр. 14.</ref>
 
За проценка на појавата и степенот на хирзутизам се користи скалата на Фериман и Галвеј. Притоа, се набљудува присуството на влакна на девет места: над усните, лицето, [[гради]]те, [[стомак]]от, [[пубис]]от, надлактиците, внатрешната страна на [[бут]]овите, горниот дел на грбот и долниот среден дел на грбот. За секое од овие места се мери густината на влакна, на скала од 0 до 4 при што 0 означува отсуство на влакна, а 4 изразено присуство на влакна од машки тип. Ако вкупниот збир е 8 или повеќе, тогаш станува збор за хирзутизам.<ref>„Козметички проблем, кој ја разболува и женската психа“, ''Здравје'', понеделник, 3 ноември 2014, стр. 13.<name="ReferenceA"/ref>
 
Често, зголемената појава на влакна претставува само симптом, т.е. не постои единствена главна причина за претераното растење на влакната, туку тоа може да биде последица на некое [[хормон]]ално нарушување. Така, хирзутизмот е последица на зголеменото присуство на [[андрогени хормони]] при што во некои ткива и во [[фоликули]]те на влакната овие хормони може да преминуваат од еден во друг вид, т.е. од послаб со посилен ефект. Поради тоа, може да се случи жена со изразен хирзутизам да има нормално или дури и пониско ниво на андрогени хормони во [[крв]]та. Како дополнителна компликација се јавува и тоа што реакцијата на фоликулите на исто ниво на андрогени значително варира, па може да се случи жени со исто ниво на андрогени во крвта да имаат различна густина на влакната.
 
Прераниот пубертет, проследен со прерана појава на влакна, може да биде знак за вроден дефект на создавање хормони во кората на надбубрежните жлезди. Имено, андрогените хормони настануваат од заеднички почетни соединувања на серија ензими. Поради некои вродени дефекти, понекогаш во кората на [[Надбубрежна жлезда|надбубрежната жлезда]] не се создава доволно количество од клучниот хормон, кортизолот. Оттука, хипофизата засилено ги поттикнува надбубрежните жлезди, кои одговараат со зголемено лачење андрогени хормони, но не и [[кортизол]], поради што засилено растат влакната. Како ретка причина за хирзутизмот се туморите кои лачат андрогени хормони. Во тој случај, жените кои претходно не биле влакнести одненадеж се соочуваат со засилена појава на влакна по [[тело]]то. Друга причина за појава на хирзутизмот е синдромот на [[полицистични јајници]], кој исто така е поврзан со лачењето андрогени хормони кај жените.<ref>„Козметички проблем, кој ја разболува и женската психа“, ''Здравје'', понеделник, 3 ноември 2014, стр. 13.<name="ReferenceA"/ref>
 
==Третман на хирзутизмот==
Голем број жени со умерен хирзутизам немаат придружни нарушувања кои бараат лечење и кај нив се користат разни методи за отстранување на влакната, како: избелување, бричење, [[депилација]] или кубење. Но, овие методи имаат само привремено дејство и треба да се повторуваат. Трајно отстранување на влакната се постигнува со електроепилација, со ласерска епилација или со фотоепилација. Последните две можат трајно да отстранат само одредени влакна, но не и целото подрачје, т.е. тие само ја намалуваат густината на влакната. За лицето, често се користи и крем што го спречува растот на нови влакна (крем што содржи [[ефлорнитин]]). Најпосле, ако постојат медицински индикации, третманот на хирзутизмот може да вклучи и некои лекови, како: спронолактон, ципротерон ацетат, финастерид, метформин, ефлорнитин, флутамид и комбинација од орални контрацептиви. Овие лекови го намалуваат нивото на андрогените хормони и антихипергликемиски го блокираат растот на влакната. Многу често, хирзутизмот се јавува како причина за психолошки проблеми кај жените кои се изложени на оваа појава. Така, влакнестите жени се чувствуваат помалку, женствени и помалку прифатени во [[општество]]то.<ref>„Козметички проблем, кој ја разболува и женската психа“, ''Здравје'', понеделник, 3 ноември 2014, стр. 14.<name="ReferenceB"/ref>
 
== Наводи ==
Ред 20:
[[Категорија:Кожни болести]]
[[Категорија:Коса]]
[[Категорија: Зборови кои ги нема во ТРМЈ]]