Георгиј Маленков: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Нема опис на уредувањето
Ред 35:
|profession = политичар
|party = [[КПСС]]}}
'''Георгиј Максимилианович Маленков''' ([[руски]]: ''Георгий Максимилианович Маленко́в'') бил советски политичар, виден деец на [[КПСС]] со [[Македонци|македонско]] потекло.<ref name="Haslam">{{Наведена книга|last=Haslam|first=Jonathon|title=Russia's Cold War: From the October Revolution to the Fall of the Wall|url=http://books.google.com/books?id=Sl5orE32HzcC&pg=PA136&dq=%22malenkov%22+%22macedonian%22&hl=en&sa=X&ei=zF8TU_iPHMKRygGFkYHoCw&ved=0CCoQ6AEwAA#v=onepage&q=%22malenkov%22%20%22macedonian%22&f=false|accessdate=2 March 2014|year=2011}}</ref> Во последните години од животот на [[Сталин]] тој станал негов соработник. А по Сталиновата смрт ([[5 март]] [[1953]]) станал премиер на [[СССР|Советскиот сојуз]] ([[1953]] - [[1955]]).
 
== Биографија ==
Георги Маленков е роден во градот Оренбург, во Руската империја. Неговиот татко бил царски офицер, по потекло од денешна Македонија, од когo наследува презиме, невообичаено за Русија. Избувнувањето на Октомвриската револуција има големо влијание врз овој млад човек, кој се приклучи на Црвената армија на 17-годишна возраст за време на борбите со Белите гардисти. Првичниот ентузијазам беше награден за прв пат во април 1920 година кога стана член на Комунистичката партија. Во согласност со покажаната лојалност кон новата држава, за време на неговиот воен рок, без оглед на тоа што имал помалку од 20 години, тој бил назначен на позицијата политички комесар. За време на почетокот на својата кариера, тој се сретнал со Николај Јежов, идниот шеф на НКВД, кој станал негов политички спонзор во следните 15 години. Првиот дел од животот на Георги Маленков завршил со напуштање на армијата. Се запишал на Московскиот технички факултет во 1921 година и успешно дипломирал во 1925 годинa. Изворите наведуваат дека Маленков, наместо да го продолжи образованието, ја избрал политичката кариера. Во овој период Маленков станал близок пријател со Вјачеслав Малишев, кој подоцна станал шеф на советската нуклеарна програма. 1924 и 1925 година претставуваат пресвртница во неговата политичка кариера. Бил задолжен за чување и креирање на досиеја за членови на Комунистичката партија. Бил задолжен за чување и креирање на досиеја за членови на Комунистичката партија. Под негово раководство, во наредните десет години, биле створени над 2 милиони вакви досиеја. Се верува дека длабоко бил вмешан во политичките процеси кои се воделе против политичките ривали и неистомисленици на Сталин. Во 1938 година бил еден од клучните играчи за симнувањето на шефот на НКВД, Николај Ежов. Во текот на 1939 година станал член на Централниот комитет на партијата, а во февруари 1941 година, станал кандидат за член на Политбирото на Комунистичката партија. Пред војната бил ангажиран во широк спектар на воени прашања: бил задолжен за воениот персонал, за авијацијата, како и за радиоактивните материјали. Од јули 1940 година е член на Воениот совет на Црвената армија. Неговиот потпис, заедно со потписите на Генерал Жуков и Тимошенко, стоеле на Директивите 2 и 3, со кои била испратена војска по нападот на Германија на Русија.