Црква „Св. Ѓорѓи“ - Валандово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка на врска, replaced: рква (објект) → рква (градба)
с →‎top: Јазична исправка, replaced: зид → ѕид
Ред 34:
Денешната манастирска црква е недоволно атрактивна. Таа е мала по големина и недоволно угледна. Градена е од камен, а во основата е спуштена за една степеница под нивото на бетонираниот трем, кој е нешто повисок од нивото на земјата. Оваа еднокорабна црква со низок свод , чија поственост е во насока исток-запад, сместена е до брегот на една удолница.
Внатрешноста на малата манастирска црква е исполнета со скромен фонд на икони, слики и дрвен намештај Некои од иконите се изработени по земјотресот кој бил [[1931]] година и ја разурнал црквата, но има и такви кои се изработени во поново време. Олтарната преграда што ја сочинува малиот иконостас, ја има дебелината на рамките на иконите. Дрвениот мал иконостас не е доволно упадлив. Авторите на иконите не се познати, но познати се некои од нивните дарители.
Во средината на јужниот зидѕид се наоѓа таканаречениот владички стол , а лево од него се иконите .
Манастирскиот простор денес е прекрасно среден и претворен во излетничко место, место за уживање и одмор. Околу манастирската црква има три чешми со исцртани фрески и со многу питка и како што велат старите лековита вода.