Гробишта: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: стр.1 → стр. 1 (3)
Ред 5:
 
==Гробиштата кај Словените==
Гробиштата кај [[Словени]]те биле поставувани во близина на светилиштата или во нив. Како место за гробишта се одбира цврста и сува земја, најчесто на рид или покрај пат. Гробиштата имале исклучителна почит и не се скрнавеле, па оттаму до денешни дни опстанале старите [[могила|могили]], некаде и цели гробишта со надгробни плочи. Првите пишувани извори, меѓу кои и оние на Нестор велат дека старите [[Словени]] своите мртви ги палеле на клада, но неретко и ги погребувале, но кај нив не постоеле гробишта. Мртвите ги закопувале во полињата, [[Шума|шумите]], до [[Река|реките]], дури и под праговите (во подоцните времиња, кај [[Јужни Словени|Јужните Словени]] е забележано погребување на некрстено новороденче под домашниот праг). Според описот на Нестор, над гробовите [[Словени]] кревале високи земјени могили или поставувале столб, најчесто од [[бука]] или [[даб]]. <ref name="ReferenceA">Речник на јужнословенска митологија,[[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска]], Три, Скопје,2004, стр. 101 - 102</ref>
 
Гробиштата се именувале според местото каде се наоѓале ([[Бутел]]ско, Битолско, Раштанско...), според етничката припадност на населението кое ги погребувало своите мртви во него (еврејско, турско, влашко, српско...), ретко, но постојат гробишта наречени по некој човек (Дедо Маркови), познати се и самовилски (каде што самовилите се грижеле за покојните), сватовски (каде биле погребани сватови кои се удавиле при паѓањето на мостот, коледарски (каде што се вршел некаков коледарски обред), постоеле и гробишта во кои се погребувале заболените во епидемии и таквите гробишта неретко се нарекувале по името на болеста.<ref>Речник на јужнословенска митологија,[[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска]], Три, Скопје,2004, стр.101 - 102<name="ReferenceA"/ref>
 
Гробиштата по традицијата не требало да се преместуваат, но под екстремни околности (ерозија, поплавување и сл.) чинот на создавање ново гробје подлегал на повеќе правила: осветување, чистење, погребување на некое животно, бидејќи никој не дозволувал првиот погребан покојник да биде од неговото семејство оти се верувало дека тоа носи несреќа за сите. Вообичаено е мртвите од едно село, населба да се погребуваат на исто гробиште, кон ова правило не припаѓале насилно починатите, самоубиците, анатемисаните, криминалците и др. За ваквите покојници гробовите се правеле надвор од оградите на гробиштата, а нивниот погреб не подлегнувал ниту под вообичаените обреди, ниту под црковните правила. За загинатите воини на кои не им се знаело местото на загинувањето во старите времиња биле поставувани могили без телото на починатиот, најчесто покрај патиштата, поретко до некој извор, па и самиот извор станувал посветен на починатиот.<ref>Речник на јужнословенска митологија,[[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска]], Три, Скопје,2004, стр.101 - 102<name="ReferenceA"/ref>
 
==Гробиштата како тема во уметноста и во популарната култура==
Ред 34:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Гробишта| ]]