Разлика помеѓу преработките на „Бабуна (река)“

с
Форматна исправка, replaced: стр.1 → стр. 1 (2), стр.3 → стр. 3
с (→‎Надворешни врски: Додадена категорија)
с (Форматна исправка, replaced: стр.1 → стр. 1 (2), стр.3 → стр. 3)
}}
 
'''Бабуна''' — река во [[Македонија]], десна притока на [[Вардар]]. Таа извира под врвот [[Солунска Глава]] на планината [[Јакупица]]. Има должина од 65 километри, а нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 612 км<sup>2</sup><ref>[http://www.mzsv.gov.mk/ro/vardar-sredno-tecenie.pdf - РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА “СЛИВ НА ВАРДАР - СРЕДНО ТЕЧЕНИЕ” ЗА ПЕРИОД 2011 - 2016. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. стр. 3-4]</ref>. Бабуна протекува јужно и југозападно од [[Велес]].
 
== Течение ==
Реката Бабуна извира на југоисточната страна на [[Мокра Планина]] под врвот [[Солунска Глава]]<ref name="ReferenceA">Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр. 138</ref> и протекува помеѓу планинскиот масив [[Јакупица]] од левата и планината [[Бабуна (планина)|Бабуна]] од десната страна. Од своите извори на кои се наоѓаат прекрасните водопади во пределот над селото [[Нежилово]] тече во јужен правец до [[Богомила]]<ref name="ReferenceA"/>. Оттука протекува во југоисточен правец со до селото [[Оморани]] од каде што свртува кон североисток сѐ до вливот во [[Вардар]]<ref>Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр. 129</ref>. Бабуна има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек. Се храни со вода од поголем број на притоки.<ref>''Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979''</ref>. Во своето течение долго 53 километри, прима неколку притоки, од кои најзначајни се десните притоки: Брезица, Изворска и Војничка Река<ref name="ReferenceA"/>. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата [[Пешти]], каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период.
 
== Галерија ==