Фридрих Енгелс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: -ти век → век
с →‎Млади години: Правописна исправка, replaced: вероисповест → вероисповед
Ред 8:
 
=== Млади години ===
Фридрих Енгелс е роден на 28 ноември 1820 година во Бармен, провинција Рајна, Прусија (сега Вупертал, Германија) како најстар син на Фридрих Енгелс (1796–1860) и од Елизабета „Елиса“ Франзиска Мауриција фон Хаар (1797–1873). Богатото семејство Енгелс поседувало големи фабрики за текстил од памук во Бармен и Салфорд. Родителите на Фридрих биле посветени пијетистички протестанти и тие ги одгледале своите деца соодветно на оваа вероисповествероисповед.
 
На 13-годишна возраст, Енгелс посетувал гимназија во соседниот град Елберфелд, но морал да замине на 17 години, поради притисок од страна на неговиот татко, кој сакал тој да стане бизнисмен и да започне со работа како трговски чирак во семејната фирма. После една година во Бармен, младиот Енгелс во 1838 година бил испратен од страна на неговиот татко да започне со школување во трговска куќа во Бремен. Неговите родители очекувале дека тој ќе го следи неговиот татко во кариера во семејниот бизнис. Револуционерните активности на нивниот син ги разочарале. Ќе поминат неколку години пред тој да се приклучи на семејната фирма.