Зеленград: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Родови: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Скопje → Скопје
с Правописна исправка, replaced: повеке → повеќе (3)
Ред 27:
Така, на пример, и во турските пописни дефтери од 1573 година Зелениград не се појавува како населба. Ако имало некаков живот на ова село, турските попишувачи не би го испуштиле од предвид. Селото Луково од другата, десна страна на Злетовска река во овој попис е зафатено и окваликувано како “ненаселено“.
 
Ако се знае дека во тој период потесниот и поширокиот атар на Зелениград е покриен со густа шума, ( и 300 г. подоцна и Ѓорче Петров за ова село ќе забележи дека има 16 куќи кои се обични колиби) не е тешко да се претпостави дека населението кое, главно, се занимава со сточарство, од повекеповеќе причини, даноци, грабежи, насилија многу лесно го менуваат местото на живеење и подоцна се враќат на истото место. Меѓу другото, таа принудна изолација, во тие несигурни периоди им овозможува, на некој начин, и добри услови за издршка.
 
== Стопанство ==
Ред 37:
Пред да ги изнесеме информациите за развојот на населението ќе се задржиме на некои одредници кои, и во историјата и во демографијата, ќе послужат во надополнувањето на сликата за оваа населба. Имено, таа „празнина„ од информации од неколку векови секако дека не значи и мртвило и ненаселеност на овој простор. Ако се послужиме со паметењто и преданијата и легендите за населението на Зеленград, оваа населба спаѓа во групата новосоздадени села. Според тие легенди и преданија неговите маала се населени во почетокот на XVIII век. Првите населеници кои побиле колец, почнуваат со градба на куќа, во запуштеното земјиште, обраснато во шума во маалото „Село„ потекнувале од Горна Пчиња. Покрај нив уште три рода (Јовчевци, Мишеви и Соколови). Нешто пред нив се доселиле Славевци. Сите други, неколку родови се доселени од околните села Ратковица, Шталковица, Градец (Кочанско) и од Луково.
 
Самиот факт што голем број доселеници потекнуваат од Козјак, Горна Пчиња и Врањско не само во Зелениград туку и во околните селски населби, подлабоко во планината како што се с. Кнежево, Каврак, Емирица ако се има предвид времето на востанието на Карпош и пост восатничкиот период, кога наездата на Кримските Татари уништува се пред себе, убивајки, палејки, грабејки кога некои свештеници ќе запишат дека тоа е време кога ''живите им завидувале на мртвите'', ќе почнат масовни преселби на север пред теророт на Татарите. Секако дека тие преселби среде остра, незапамтена зима, уште повекеповеќе во непозната земја, преку Сава, изгледа дека голем дел од семејствата од овој крај останале длабоко во планините северно и околу Врање. А по неколку години, кога Татарите се вратиле на Крим, опустошените села и земја од овој дел на Македонија веќе немало кој да ја обработува. И затоа и покрај понудената амнестија враќањето назад на старите опустошени селишта не било брзо. По тие преданија, нашинците кои за време на востанието на [[Петар Карпош|Карпош]] се покажале многу „пргави„ заминале на север, оние другите постепено се враќаат на старите огништа.
 
Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика|Македонија, Етнографија и статистика]]“) од 1900 година, во Зеленград живееле 160 жители, сите [[Македонци]].<ref name=":0">[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_30.htm Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.222.]</ref>
Ред 43:
Според егзархискиот секретар [[Димитар Мишев]], во 1905 година во Зеленград имало 160 [[Македонци]], под врховенството на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]].<ref name=":1">Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.</ref>
 
Според пописот од 2002 година во селото живееле само 7 жители, сите [[Македонци]].<ref>[http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X]</ref> Во 2012 година веќе нема постојани жители и тоа значи дека селото е изумрено. Ваквата демографска катастрофа е резултат на повекеповеќе околности како што се, на пример, уништување на козите, изразито непогоден географски положај, отсуство на релативна пристојна комуникација, трансфер на младото и работоспособно население во индустријата и другите услужни дејности итн.
 
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:<ref>Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). [http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk.px/?rxid=b7539b0f-f64f-46b7-b99d-a34d7ae55646 База на податоци МАКСтат]. Државен завод за статистика.</ref>