Расизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Расизмот како политика поддржана од државата: Исправка на латинички букви помешани меѓу кириличните, replaced: билe → биле
с →‎Научни варијанти: Правописна исправка, replaced: -ти век → век
Ред 111:
= Научни варијанти =
 
Современата биолошка дефиниција на терминот „раса“ се доби во 19-от век со научно расистичките теории. Терминот „научен расизам“ се однесува на примената на науката за да се оправдаат и поткрепат расистичките верувања, кој датира од раниот 18-ти век, и покрај тоа што го здобил поголемиот дел од своето влијание во средината на 19-от век, за време на Неоимперијализмот. Познат исто така како академски расизам, таквиот вид на теории требало прво да го надминат отпорот од страна на црквата кон позитивистичките погледи на историјата и поддршката на моногенизмот, концептот дека сите човечки суштества потекнуваат од истите претци, во согласност со креационистичките погледи на историјата.
Овие расистички теории ги изнеле научните хипотези кои биле компинирани со инилинеални теории на социјален напредок, кои ја претпоставуваат супериорноста на Европската цивилизација над остатокот од светот. Освен тоа, тие често наполно ја користеле концепцијата „преживување на најприлагодливиот“, израз искован од Херберт Спенсер во 1864 година, поврзана со концепции на конкуренција, кои биле наречени социјален дарвинизам во 1940-тите години. Самиот Чарлс Дарви се спротивставил на идејата на строги расни разлики во „Потеклото на човечкиот род“ (1871 година) каде тврдел дека луѓето се сите од еден вид, и делат заедничко потекло. Тој ги преознал расните разлики на човештвото, и ги нагласил тесните сличности меѓу луѓето од сите раси во умствени моќи, вкусови, склоности и навики, а истовремено сè уште ја спроредувал културата на „најголемите дивјаци“ со Европската цивилизација.
На крајот на 19-от век, застапници на научниот расизам се вплетале самите себе со еугенски дискурси на „дегенерација на расата“ и „крвно наследство“. Од тогаш наваму, научно расистичките дискурси можат да се дефинираат како комбинацијата од полигенизам, унилинеализам, социјлен дарвинизам и евгенизам. Тие ја пронашле нивната научна оправданост на физичката антропологија, антропометријата, краниометријата, френологијата, физиогномијата, и други сега дискредитирани дисциплини со цел да се формулираат расистичките предрасуди.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Расизам