Антички Македонци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Македонска и Елинска раса: Правописна исправка, replaced: редстав → ретстав
→‎Врски меѓу античките Македонци и денешните Македонци: одстранета изјава и навод од Д.Македонски (преку Цочо Билјарски), кој нити има научна основа, нити е релевантен за темата и неговата употреба. Односно Бугари не постоеле во Античка Македонија (така да тоа доволно зборува за релевантноста на изворот)
Ред 36:
 
== Врски меѓу античките Македонци и денешните Македонци ==
Повеќе [[македонски историчари|македонски]] и странски историчари и научници сметаат дека античките Македонци биле дел од етногенетскиот процес на создавањето на денешниот [[Македонци|македонски народ]] кој денес носи дел од нивните обележја и навики. Овие тврдења кои се прифатени во одреден дел од денешните [[Македонци]], историчарите ги поткрепуваат со низа антрополошки, генетски, историски, ентолошки и културни докази. Уште во 1871 година [[Димитар Македонски]] преку својот напис во весникот „Македонија“ го објаснил своето сфаќање за етногенезата на денешните Македонци со античките.<ref>Потврдени во повеќе дела на авторите: [[Драган Ташковски]], [[Александар Донски]], [[Наде Проева]], [[Јуџин Н. Борза]] (од [[САД]]) и др.</ref><ref>Точниот цитат е ... "''ќе се уверите дека Македонците не се Цинцари, ниту друг некоj народ, туку се чисти Бугари како вас; од таму ќе се научите уште дека Македонците се се изгубиле од лицето на земјата Македонија''... "Лист за политика и книжевност“, Цариград, 16.02.1871; Билярски, Цочо. Из българския възрожденски печат от 70-те години на ХІХ век по македонския въпрос, Македонски преглед, год. ХХХІІІ, 2000, кн. 4, с. 114-115.</ref> Античкомакедонски мотиви во современиот македонски народ денес може да се сретнат во народните носии (мијачката и женската реканска носија), празници (празникот Летник на [[1 март]] кој се слави во [[Пустец]] и селата во југозападна [[Македонија]]), обичаи, верувања, зборови и начини на формирање реченици, множина и суперлативи во современиот [[македонски јазик]], форми и корени на лични имиња и презимиња, народни преданија, песни итн.
 
Голем број Македонци во минатото (особено во времето на националната преродба кон крајот на XVIII и низ целиот XIX век) се сметале себеси за (директни) потомци на „старите Македонци“ на цар Александар, кого го сметале за Словен. Како потомци на „древните Македонци“ на славниот цар Александар, денешните Македонци се споменуваат во Историјата напишана од [[Ѓорѓија Пулевски]], кој напишал и своевидна „Македонска Александрида“ (издадена од ИНИ, Скопје 2005) во која го опишал целиот живот на [[Александар Македонски]] во вид на интересни приказни на [[македонски јазик|македонски народен мијачки говор]]. Античкомакедонското потекло на современите [[Македонци]] е силно изразено и потенцирано и во говорот на македонскиот национален деец [[Исаија Мажовски]] на бродот „Рицар“ во Украина, барајќи помош за Македонија од рускиот цар. Во повеќе македонски народни приказни и песни од XVIII, XIX и XX век се среќаваат античкомакедонски мотиви или мотиви од животите на [[Филип Македонски|Филип]] и [[Александар Македонски]], сметани за македонски цареви. Славата на античките Македонци одигралa и голема улога во националната преродба на македонскиот народ во текот на XIX и XX век. Тие биле сметани за „најстари Словени на Балканот“. Сметајќи се за нивни директни потомци, Македонците што живееле во тие времиња сакале да ја искажат својата национална посебност од Бугарите и Србите чии завојувачки пропаганди постојано ги инструирале Македонците.