Јохан Петер Екерман: Разлика помеѓу преработките

→‎Творештво: дополнување
[проверена преработка][проверена преработка]
(→‎Животопис: дополнување)
(→‎Творештво: дополнување)
 
==Творештво==
Екерман почнал да пишува песни уште во младоста, но не им обрнувал внимание и воопшто не ги ценел. Неговиот интерес за [[поезија]]та се појавил за време на престојот во Хановер каде бил воодушевен од поезијата на [[Теодор Кернер]]. Тогаш, тој напишал една песна за враќањето на германските војници од војната против француската армија, ја испечатил во неколку стотини примероци и ја разделил низ градот. Песната доживеала голем успех: била објавена во некои списанија, а врз основа на неа еден [[композитор]] создал музичко дело. Оттогаш, тој почнал редовно да пишува песни и истовремено се запознал со делата на [[Шилер]] и Клопсток.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 98.</ref> По напуштањето на гимназијата, како реакција на популарните дела „Вина“ на Милнер и „Прабаба“ на Грилпарцер, во 1820 година, Екерман напишал едно драмско дело кое им ги читал на пријателите, но тие не се изразиле пофално за него. Тогаш, тој одлучил да го преработи делото, но претходно објавил поетска збирка која успеал да ја продаде и да заработи 150 [[Талир|талири]].<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 103-104.</ref>
 
Екерман е најпознат по својата книга „[[Разговори со Гете]]“ (''Gespräche mit Goethe'') која настанала како резултат на неговата работа како личен секретар во последните девет години од животот на Гете.