Јохан Петер Екерман: Разлика помеѓу преработките

→‎Животопис: дополнување
(→‎Животопис: дополнување)
(→‎Животопис: дополнување)
Откако наполнил 16 години, Екерман станал писар кај локалниот судски службеник, а во периодот 1808-1810 работел ситни [[адвокат]]ски работи. Потоа се вработил во Дирекцијата за непосредни [[Данок|даноци]] во [[Линебург]], а по нејзиното укинување се префрлил во Помошната префектура во [[Уелцен]], а во 1812 година бил поставен за општински секретар во [[Бефензен]] каде останал до пролетта 1813 година. Тогаш, тој ја напуштил службата, се вратил во родното место и кон крајот на летото, како доброволец, му се приклучил на Килмансегеовиот [[Корпус (армија)|корпус]] кој се борел за ослободување од француската окупација. Притоа, тој учествувал во походот низ [[Мекленбург]], [[Холштајн]] и Хамбург против [[армија]]та на [[маршал]]от Давуст, во борбата против генералот Мезон, а летото војувал во [[Фландрија]] и [[Брабант]].<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 93-94.</ref>
 
Есента 1814 година, Екерман се вратил дома каде дознал дека умрел татко му, а мајка му живеела со најстарата сестра која ја презела родителската куќа. Зимата 1815 година, тој заминал во [[Хановер]] со намера да учи кај сликарот Рамберг, меѓутоа во мај истата година тешко се разболел и така ја прекинал сликарската практика. Тогаш, тој се вработил во една воена установа, а здравјето му се подобрило. Во тоа време се запознал со [[поезија]]та на [[Теодор Кернер]] и така кај него се појавил интерес за книжевноста.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 94-94.</ref>
 
===Соработката со Гете===
Учествувал како доброволец во [[Наполеонови војни|Наполеоновите војни]] (1813-1814), а потоа работел како секретар во воениот оддел во [[Хановер]]. Во 1817 година, на возраст од 25 години, тој се запишал во [[Гимназија|гимназијата]] во Хановер, а потоа студирал [[право]] на [[Универзитет во Гетинген|Универзитетот во Гетинген]], но во 1822 година, по една година студирање, ги напуштил студиите.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}} В0 1823 година, Екерман му го испратил на Гете својот ракопис „Прилози кон поезијата“ (''Beiträge zur Poesie'') и така започнала нивната соработка,<ref>[https://theoryofcolor.org/Physical+Colours#footnotenotel Goethe's Theory of Colours, Part II: Physical Colours, Eastlake's Note L]</ref> а набргу се преселил во Вајмар каде работел како приватен учител. Притоа, во текот на девет години, тој му бил личен секретар на Гете,<ref>J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 85.</ref> а неколку години му бил учител на синот на големиот [[војвода]]. Во 1830 година заминал на пат низ [[Италија]], заедно со синот на Гете. Во 1838 година бил назначен за војводски советник и библиотекар на војвотката.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}}
 
==Творештво==
Екерман почнал да пишува песни уште во младоста, но не им обрнувал внимание и воопшто не ги ценел. Неговиот интерес за [[поезија]]та се појавил за време на престојот во Хановер каде бил воодушевен од поезијата на [[Теодор Кернер]]. Тогаш, тој напишал една песна за враќањето на германските војници од војната против француската армија, ја испечатил во неколку стотини примероци и ја разделил низ градот. Песната доживеала голем успех: била објавена во некои списанија, а врз основа на неа еден композитор создал музичко дело. Оттогаш, тој почнал редовно да пишува песни и истовремено се запознал со делата на [[Шилер]] и Клопсток.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 98.</ref>
 
==Творештво==