Шлифенов план: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазично подобрување, replaced: контранапад → противнапад
Ред 1:
'''Шлифенов план''' е стратешки план на германскиот генералштаб за победа на [[Западен фронт во Првата светска војна|Западниот фронт]] против [[Франција]]. Во првиот месец на [[Прва светска војна|Првата светска војна]] планот се реализирал речиси до победа врз Франција. Меѓутоа, францускиот контранападпротивнапад на предградијата на [[Париз]] во [[Прва битка кај Марна|Првата битка на Марна]] ја запрел германската офанзива, со што започнале години на [[рововска војна|рововската војна]]. Контроверзниот план останал како тема за историчарите и војни аналитичари.
 
== Карактеристики на планот ==
Шлифенов план го носи името според неговиот автор, грофот [[Алфред фон Шлифен]]. Планот требало да се реализира со брза мобилизација, занемарување на неутралноста на [[Белгија]] и [[Луксембург]] и предвидувал силен пробој на германското десно крило низ Белгија и северна Франција во насока на југозапад. За тоа време би се одржувала дефанзивната позиција на централниот дел и на левото крило во [[Лорена]], [[Мозел]] и [[Вогези]]. Основната идеја на планот била, во војната на два фронта да се оствари прво брѕата победа на Запад, пред на [[Русија]] да ѝ се даде можност да се мобилизира и да ја донесе својата војска до Источна Прусија. Планот предвидувал [[Париз]] да биде освоен во рок од 39 дена. Париз не требало да биде заземен, туку десното крило на германската армија требало да помине западно од Париз. Идејааа на планот не била да се заземат градови или индустрија, туку да се зароби поголемиот дел на француската војска и Франција да се принуди да се предаде. Всушност тоа било повторување на стратегијата со која Франција била поразена во [[Француско-пруска војна |Француско-пруската војна]].
 
Планот бил направен по спогодбата за Антанта помеѓу Франција и Велика Британија. Кајзер [[Вилхелм II]] од началникот на генералштабот [[Алфред фон Шлифен]] барал да смисли план за војна на два фронта. Од декември [[1905]] година, фон Шлифен го претставувал планот.<ref>Foley, R. T. (2007) [2005]. German Strategy and the Path to Verdun: Erich von Falkenhayn and the Development of Attrition, 1870–1916 (pbk. ed.). Cambridge: CUP. ISBN 978-0-521-04436-3.</ref> Шлифен и [[Хелмут фон Молтке Помладиот]] биле заведени од можност да евентуално извршат двојно опкружување на целата француска војска со десното крило, кое би дошло од север и запад и со левото крило од исток. Инспирацијта ја нашле во прочуената [[Битка кај Кана]] на [[Ханибал]] во [[216]] година п. н. е. Шлифеновиот план на некој начин бил стратешко обнавување на тактиката на Ханибал со користење на напредна комуникација и транспорт.
Ред 31:
Историчарот Давид Фромкин тврди дека Шлифеновиот план всушност бил само меморандум. Фромкин тврдел дека меморандумот [[1905]] година никогаш не бил разработен во оперативен план, а дека всушност [[Хелмут фон Молтке Помладиот|фон Молтке]] сметал дека тоа е полн оперативен план.
Британскиот воен историчар Џон Киган критикува недостаток на реализам за брзината со која германското десно крило требало да мине низ Холандија и Белгија, посебно поради недоволното познавање на теренот кој немал доволно патишта за толкав број војска.
Се критикува и изостанокот на [[Хелмут фон Молтке Помладиот]] од западниот фронт, како и закоравеноста на планот што го предвидувал поразот на [[Франција]] за 42 денови. Со оглед дека имале прецизен план, германскиот генералштаб не можел да импровизира во тек на војната.
 
== Наводи ==