Јохан Петер Екерман: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Животопис: дополнување
→‎Животопис: дополнување
Ред 2:
 
==Животопис==
Во воведот на својата книга „[[Разговори со Гете]]“, Екерман дава податоци за својот живот. Тој е роден во [[Винзен (Луе)|Винзен на Луе]], [[Харбург (округ)|Харбург]], во сиромашна куќа со една просторија во која се греело и без скали. Како најмладо дете од вториот [[брак]] на татко му, тој растел осамено. Од првиот брак, татко му имал два сина: едниот бил морнар, а завршил во ропство некаде низ светот; другиот долго време живеел на [[Гренланд]] како ловец на [[китови]] и [[ајкули]], а потоа се вратил во [[Хамбург]] каде живеел скромен живот. Од вториот брак на татко му имал две постари сестри кои го напуштиле домот кога тој имал 12 години и работеле како слугинки во родното место и во Хамбург. Неговото семејство било многу сиромашно: имало малку земја и една крава, мајка му заработувала така што шиела [[Капа|капи]] за жените, а татко му имал мал [[Трговија|трговски]] дуќан поради што често бил отсутен од домот. Јохан Петер Екерман имал тешко детство зашто постојано морал да работи тешки земјоделски и домашни работи, а кога пораснал го придружувал татко си во неговите патувања. За тоа време, тој повремено одел на [[училиште]], обидувајќи се да научи да чита и да пишува. Истовремено, тој ја открил својата дарба за цртање и сликање и набргу бил забележан од началникот на округот, но родителите го спречиле неговиот обид да постане [[Сликарство|сликар]]. Сепак, благодарение на богатите луѓе, Екерман бил примен во приватно училиште, но повторно, сиромаштијата го спречила да се запише во [[гимназија]]та.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 89-9093.</ref>
 
Откако наполнил 16 години, Екерман станал писар кај локалниот судски службеник, а во периодот 1808-1810 работел ситни [[адвокат]]ски работи. Потоа се вработил во Дирекцијата за непосредни [[Данок|даноци]] во [[Линебург]], а по нејзиното укинување се префрлил во Помошната префектура во [[Уелцен]], а во 1812 година бил поставен за општински секретар во [[Бефензен]] каде останал до пролетта 1813 година. Тогаш, тој ја напуштил службата, се вратил во родното место и кон крајот на летото, како доброволец, му се приклучил на Килмансегеовиот [[Корпус (армија)|корпус]] кој се борел за ослободување од француската окупација. Притоа, тој учествувал во походот низ [[Мекленбург]], [[Холштајн]] и Хамбург против [[армија]]та на [[маршал]]от Давуст, во борбата против генералот Мезон, а летото војувал во [[Фландрија]] и [[Брабант]].<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 93-94.</ref>
 
Учествувал како доброволец во [[Наполеонови војни|Наполеоновите војни]] (1813-1814), а потоа работел како секретар во воениот оддел во [[Хановер]]. Во 1817 година, на возраст од 25 години, тој се запишал во [[Гимназија|гимназијата]] во Хановер, а потоа студирал [[право]] на [[Универзитет во Гетинген|Универзитетот во Гетинген]], но во 1822 година, по една година студирање, ги напуштил студиите.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}} В0 1823 година, Екерман му го испратил на Гете својот ракопис „Прилози кон поезијата“ (''Beiträge zur Poesie'') и така започнала нивната соработка,<ref>[https://theoryofcolor.org/Physical+Colours#footnotenotel Goethe's Theory of Colours, Part II: Physical Colours, Eastlake's Note L]</ref> а набргу се преселил во Вајмар каде работел како приватен учител. Притоа, во текот на девет години, тој му бил личен секретар на Гете,<ref>J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 85.</ref> а неколку години му бил учител на синот на големиот [[војвода]]. Во 1830 година заминал на пат низ [[Италија]], заедно со синот на Гете. Во 1838 година бил назначен за војводски советник и библиотекар на војвотката.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}}