За природата на нештата: Разлика помеѓу преработките

с
→‎Содржина: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: книгa → книга
с (→‎Цел: Јазична исправка, replaced: референци → наводи)
с (→‎Содржина: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: книгa → книга)
Поемата почнува со повикување на [[Венера (божица)|Венера]], на која Лукретиј Кар ѝ се обраќа како алегориска претстава на репродуктивната моќ, по што делото продолжува со разгледување на претставата на природата на божествата која води до суеверие и ужаснување од истите. Потоа следува долго објаснување на [[аксиома]]та дека ништо не може да настане од ништо и дека ништо не може да биде сведено на ништо (Nil fieri ex nihilo, in nihilum nil posse reverti), што произлегува од дефиницијата на атомите, бесконечни по број, кои заедно со празниот простор, со бескрајно протегање, го сочинуваат универзумот. Првите две книги ги опфаќаат следниве теми: обликот на атомите, нивните својства, нивните движења, законите според кои тие се соединуваат и заземаат форми и квалитети восприемливи преку сетилата; некои други прелиминарни прашања за нивната природа и влијание; побивање на приговори и противставени [[Хипотеза|хипотези]].<ref name=ramsay />
 
Во третата книгaкнига, општите концепти кои се веќе предложени се применети со цел да се покаже дека виталните и интелектуални принципи, Anima и Animus, се исто толку дел од нас колку што се и нашите органи, но како што тие органи немаат одвоено и независно постоење, така и душата и телото живеат и исчезнуваат заедно. Доказот оди во насока на докажување на безумноста на ужасот од смртта, затоа што со смртта ќе исчезне и секакво чувствување.<ref name=ramsay /> Четвртата книга е посветена на теоријата на [[Сетилни органи|сетилата]], видот, слухот, вкусот, мирисот, спиењето и [[сон]]иштата и завршува со расправа за [[љубов]]та и [[секс]]от.<ref name=ramsay />
 
Петтата книга се осврнува на потеклото на светот и сите нешта во него, движењето на [[астрономско тело|небесните тела]], промената на [[Годишни времиња|годишните времиња]], денот и ноќта, подемот и напредокот на човештвото, општеството, политичките институции и измислувањето на разните уметности и науки кои го облагородуваат животот.<ref name=ramsay /> Шестата книга содржи објаснување на некои од највпечатливите природни појави, особено громот, молњата, градот, дождот, снегот, мразот, студот, топлината, ветрот, земјотресите, вулканите, изворите и местата штетни за животинскиот живот што води до расправа за болестите. Тука тој дава еден опис на големата чума што ја погодила [[Атина]] за време на [[Пелопонеската војна]] и тука книгата завршува. Ненадејниот крај предложува дека Лукретиј Кар не успеал да го заврши уредувањето на поемата пред неговата смрт.