Џенифер Лопес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Поддршка на Детската болница во Лос Анџелес: Јазична исправка, replaced: бенефит → погодност
с →‎'''Филм и телевизија''': Исправка на латинички букви помешани меѓу кириличните, replaced: еднa → една
Ред 20:
Некои од нејзините филмови за кои доби позитивни критики се An Unfinished Life и Shall We Dance?. Два независни филмови продуцирани од Лопез имаа добри критики на филмските фестивали: El Cantante на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто и филмот Bordertown на Бриселскиот филмски фестивал. Нејзината скромно успешна филмска кариера го вклучува и филмот Monster-in-law (2005). Сепак, Gigli, ќе стане многу познат по тоа што воопшто не направи некоја голема заработка на кино благајните. Во август 2007 година, Лопез соработуваше со нејзиниот сопруг – пејачот и глумец Марк Ентони, за филмот Еl Cantante. Филмот е на англиски јазик, со креативна употреба на преводи за песни со шпанската лирика. Во 2010 година, таа се појави во романтичната комедија Back up plan.
 
Лопез е еднaедна од највисоко платените глумици во Холивуд и најскапо платената глумица со латинско потекло во историјата на Холивуд, иако таа никогаш немала филм кој заработил над 100.000.000 долари во САД. Таа беше во првите десет најплатени глумици на листата на "Hollywood Reporter" во 2002, 2003, и 2004 година. Лопез доби 15.000.000 долари за нејзината улога во Monster-in-law. Филм кој најмногу заработил на кино благајните во САД е Maid in Manhattan, кој заработи 94.011.225 долари, а нејзин најуспешен филм во однос на заработката на меѓународно ниво е Shall we dance, кој заработи 112.238.000 долари, на благајните ширум светот. Во САД, Shall we dance заработи 57.890.460 долари, што вкупно низ целиот свет би дало сума од 170.128.460 долари. Во 2007 година, Лопез се појави на деветтото место на листата на списанието Forbes за 20 најбогати жени во шоу бизнисот. Нејзиното богатство беше проценето на 110.000.000 долари во 2007 година.
На 27 јануари 2010 година беше најавено дека Лопез ќе гостува во една епизода од серијата How I Met Your Mother како Anita Appleby, автор на книги за само поттикнување кои ги учат жените како да се справат со мажите преку моќта на одбивањето. Откако Робин ќе ја информира Анита за начинот на кој Барни ги третира жените, Анита си поставува за цел да го „скрши“.