Microsoft: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: 1ви → 1 (4), 2ри → 2 (2), 3ти → 3 (8), 4ти → 4 (3), 5ти → 5, 6ти → 6 (4), 7ми → 7 (3), 9ти → 9 (3)
с →‎Околина: Јазична исправка, replaced: соларни → сончеви
Ред 101:
Во 2011 година, Гринпис (анг. Greenpeace) објави извештај во кој беа специфицирани 10те најголеми брендови кои хостираат податоци. Во тоа време, складовите за чување на податоци искористуваа до 2% од целата електрична енергија во светот, а се очекуваше и зголемување на овие бројки. Фил Радфорд (анг. Phil Radford) од Гринпис рече “загрижени сме поради ова зголемено искористување на електричната енергија и се плашиме дека ова може да не задржи на старите, загадувачки енергетски извори наместо да води кон зголемена употреба на новата “чиста” електрична енергија која е достапна денес. Амазон (анг. Amazon), Микрософт и другите светски водачи во информатичката технологија мора да прифатат имплементирање на новата чиста електрична енергија во своите податочни центри.”
Микрософт е рангиран на 17тото место во Водичот кон Чиста (Зелена) Електроника објавен од Гринпис (анг. Greenpeace’s Guide to Greener Electronics) која рангира 18 произведувачи на електроника според нивнитa политика за справување со токсични хемикалии, рециклирање и климатски промени. Микрософт објави план според која ќе се води и постепено ќе ги елиминира штетните материјали од нивните производи. Во Јануари, 2011 година, Микрософт сè уште немаше ниту еден продукт кој е целосно без штетни материјали [како ПВЦ (анг. PVC) и БФР (анг. BFR).]
Во 2008 година главниот кампус на Микрософт, кој е сместен во Соединетите Американски Држави, доби сребрен сертификат од Предводничката Програма за Енергија и Просторен Дизајн (анг. Leadership in Energy and Enviromental Design). Кампусот инсталира преку 2000 соларнисончеви панели на крововите од своите згради во кампусот во Силиконската Долина (анг. Silicon Valley), генерирајќи околу 15 проценти од целосната потребна енергија за работа на кампусот во Април, 2005 година.
Микрософт користи алтернативни транзитни методи. Микрософт го создаде едниот од најголемите автобуски системи, Поврзувачот (анг. The Connector), за да пренесува луѓе од и до компанијата; за транспорт низ кампусот, го создаде Шатл Конект (анг. Shuttle Connect), кој користи голема флота на хибридни возила со цел да се заштеди на гориво. Компанијата исто така го потпомага јавниот транспорт со парични стимулации. Сепак во Февруари, 2010 година Микрософт изрази противење на одлуката да се зголеми капацитетот на јавниот транспорт и бројот на ленти кој води кон мостот кој ги спојува Редмонд (анг. Redmond) и Сиетл (анг. Seattle); компанијата не сакаше да трпи подолго одолговлечување.
Микрософт беше рангиран на прво место според листата Најдобри Мултинационални Работни Места во Светот (анг. World’s Best Multinational Workplaces) во 2011 година.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Microsoft