Разлика помеѓу преработките на „Шрек“

Додадени 4 бајти ,  пред 8 месеци
поврзница
с (→‎top: Форматна исправка на датуми, replaced: ноември]], 2 → ноември [[2)
(поврзница)
Принцот од едно кралство, со [[џуџе]]ст раст, сака да стане [[крал]], но најпрвин мора да се ожени со некоја принцеза. Затоа, тој бара од волшебното [[огледало]] да му каже, која е најубавата принцеза на светот, а тоа му соопштува дека тоа е принцезата Фиона (гласот го позајмува Дијаз), која е затворена во далечен [[замок]], каде ја чува [[змеј]].
 
Истовремено, принцот сака да го исчисти своето кралство од суштествата од бајките и затоа ги заробува сите нив, со намера да ги однесе во мочуриштето. Но, таму живее огарот Шрек (гласот го позајмува Маерс), кој го претпочита мирниот, осаменички живот и затоа оди кај принцот, барајќи од него да си ги земе назад суштествата од бајките. По патот, него го придружува едно здодевно магаре (гласот го позајмува Марфи), кое знае да зборува. Кога пристигнуваат во градот Дулок, рицарите[[рицар]]ите го напаѓаат Шрек, но тој лесно ги средува сите, по што, принцот му ветува дека ќе си ги земе суштествата од бајките, ако Шрек оди во замокот и му ја донесе Фиона.
 
Шрек и [[магаре]]то ја извршуваат задачата, а Фиона мисли дека Шрек е убав рицар, кој воден од [[љубов]]та, дошол да ја спаси. Кога открива дека тој е огар, таа е разочарана. Истовремено, змејот што ја чува Фиона (кој е од женски род) се вљубува во магарето. На патот кон Дулок, Шрек и Фиона воспоставуваат блиски односи и Шрек се вљубува во неа. Една ноќ, магарето случајно открива дека Фиона ноќе се претвора во огар, како последица на дамнешна [[магија]]. Поради едно недоразбирање, Шрек и Фиона се караат, а потоа Шрек му ја предава Фиона на принцот.