Радуша: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Демографија: Исправка на помешани латинични меѓу кириличните букви, replaced: Македониja → Македонија
с Исправка на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: Географиja → Географија, Историja → Историја
Ред 17:
'''Радуша''' — село во [[Општина Сарај]], во околината на градот [[Скопје]].
 
== ГеографиjaГеографија и местоположба ==
 
Радуша се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија во долината на самиот десен брег на реката [[Вардар]] во средината на Дервенската Клисура од сите страни опкружена со стари планини. Селото има една прекрасна убавина особено во пролетниот и летниот период со едно фантастично зеленило низ кое поминува река [[Вардар]]. Радуша најблиску го има градот [[Скопје]] после [[Тетово]]. До селото води асфалтиран пат од Скопје и од Тетово. Село Радуша има некаде 450 куќи, сите градени на најмодерен стил, нема стари куќи. Тука живеат некаде 4000 граѓани, но половина од нив во печалбарство. Пред самиот влез на селото некаде 5 км источно кон градот Скопје се наоѓа изворот познат како Кисела Вода кое лечи разни болести. Радуша исто така е познато и со златната пастрмка која се лови од езерото вклучувајќи го и ресторанот во кој се приготвува рибата свежа на скара директно од езерцето.
 
== ИсториjaИсторија ==
 
Историјата на селото е многу богата и многу стара од самите наоѓалишта во околината на селото можеме да констатираме дека во античкиот период близина имало римска населба со дарданско население. Во минатото пред доселувањето на денешното албанско население, во Радуша живееле православни [[Македонци]], на што укажува и самото име на селото кое е од македонско потекло, а е прифатено и од доселеното албанско население. Од селото Радуша во XIX век последен [[Македонци|македонски]] христијански род кој се иселил биле ''Радичевци'', кои најпрвин се иселиле во селото [[Побожје]] на [[Скопска Црна Гора]], а потоа преминале во [[Радишани]]<ref>Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964&nbsp;г. стр.8</ref>. За време на [[Воен конфликт во Македонија, 2001|воениот конфликт во Македонија во 2001]] година, особено во месецот август, во селото Радуша се водени едни од [[Битка кај Радуша, 2001|најжестоките вооружени борби]] меѓу [[Армија на Република Македонија|македонските безбедносни сили]] и терористите на [[Ослободителна Народна Армија|ОНА]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Радуша