Општина Новаци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Исправка на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: Географиja → Географија, Историja → Историја
Ред 26:
[[File:Ethnic groups of Novaci Municipality.svg|thumb|right|245px|Демографска карта на општина Новаци со селските атари.]]
 
== ГеографиjaГеографија ==
Општината Новаци се наоѓа на Јужниот дел на Македонија, го зафаќа југоисточниот дел на [[Пелагонија|Пелагониската рамнина]], централниот дел на течението на [[Црна Река]], [[Битола|битолскиот дел]] на [[Мариово]] и пограничниот дел со [[Грција]] на потегот на планината [[Ниџе]]. Општина Новаци на север граничи со [[општина Прилеп]] и [[општина Могила]] на запад со [[општина Битола]] и на јужниот и источниот дел со Грција во должина на гранична линија од околу 60 км.
 
Општина Новаци условно може да се подели на рамничарски и ридско-планински и пограничен дел. Рамничарско-Пелагонискиот дел е релативно стопански развиен регион. Општина Новаци располага со извонреден потенцијал на природни богатства како предуслов за развој на стопансвото. Имено во централниот дел на Општината се наоѓа најголемиот басен за [[јаглен]] — [[Суводол (рудник)|Суводол]], потоа трите централи на [[РЕК Битола|РЕК “Битола“]] во моментот постојат 8 наоѓалишта за експлоатација на минерална вода и гасови, две наоѓалишта за експлоатација на песок [[чакал]], [[кварц]] и други [[неметали]]. На територијата на општина Новаци дел од стопанските активности ги извршува најголемиот земјоделски комбинат во Македонија- [[ЗК Пелагонија]] и вкупната аграрна површина во Општината е околу 70.000.ха од кои на на обработлива отпаѓа 23.000 ха, пасишта 30.000 ха и шуми 17.000 ха кое нешто е инзвореден предуслов за развој на [[земјоделство]]то, [[сточарство]]то и производството на здрава храна. Особено во последниот период подем добива одгледувањето на крупен добиток и токму во тој правец го гледаме и понатамошниот развој, но поради слабата економска моќ на населенито и немање соодветни поволни кредити овој сектор не е доволно искористен. Во последно време, во соработка со соседните општини, се поприсутно е размислувањето за отворање на преработувачки објекти за градинарски и сточарско-живаинарски производи за што постојат извонредни предуслови за обезбедување на суровини. За обезбедување на поголеми приноси во овој сектор неопходно е решавање на проблемот со наводнување и одводнување на земјоделските површини. За истото покренавме иницијатива до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство но поради немање на финансиски средства работите се оставени сѐ уште само на добра идеа. За решавање на овие проблеми, пред сè за развој на земјоделството, потребно е обезбедување на поволни и квалитетни кредити и помош од државата.
 
== ИсториjaИсторија ==
Новаци за првпат се споменува уште во далечната 1468 година. Во турските тефтери за Битолската нахија, селото е регистрирано со името Новак, а е напишано како Новаки, Новак.
Цивилизација во Пелагонија имало уште од античко – римско време, додека христијанството, според археолошки наоѓалишта на остатоци од христијански храмови, било примено уште во првите векови. По илјадагодишното постоење на античките Македонци и на Римското Царство на овие простори, кон 6 век (697/8) областа ја населило словенското племе Брсјаци.