Разлика помеѓу преработките на „Зеленград“

Додадени 4 бајти ,  пред 8 месеци
с
Исправка на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: Географиja → Географија, Историja → Историја
с (→‎Демографија: Исправка на помешани латинични меѓу кириличните букви, replaced: Македониja → Македонија)
с (Исправка на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: Географиja → Географија, Историja → Историја)
'''Зеленград''' — село во [[Општина Пробиштип]], во околината на градот [[Пробиштип]].
 
== ГеографиjaГеографија и местоположба ==
Оваа селска населба природно - географски е сместена или подобро речено распослана на стрмите планински висови меѓу Зеленоградска Река од север, Ештерец од југ и Злетовска река од запад. На исток доминира планината Пониква (1.600 м.н.в.).
 
Зелениград го сочинуваат повеќе маала (село-Зелиниград, Гноиште, Пајаковица, Орлов камен, Чифлик и Самари) и е од типот на раштркани селски населби.
 
== ИсториjaИсторија ==
Ако се разгледа неговото минато, ќе се забележи како тоа има необично „противречен„ историски развој. Самото име Зелениград несомнено е од словенско потекло и, најверојатно, го добило по тврдината Градиште која се наоѓа до маалото Самари. Ова наоѓалиште е во суштина рид кој стрмо се издига над левиот брег на Злетовска река. На врвот има остатоци од одбранбен бедем и остатоци од керамика. Судејки по откопаните питоси и монети, евидентно е дека во ова зеленоградско маало во римскиот период постоела населба.