Фрескопис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: (оклу → (околу
с →‎top: Исправка на помешани латинични меѓу кириличните букви, replaced: Eзеро → Езеро
Ред 12:
Фреските во [[Света Софија]], катедралниот [[храм]] на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]], во [[Охрид]] (меѓу [[1040]]-[[1045]] година), претставуваат најдобро сочуван живопис од сите постоечки фрескописни програми во една катедрална црква во [[Византија]] во [[11 век]]. Се смета за еден од клучните [[артефакт]]и во општата историја на Византија. Од овој период, во истиот фреско-опус, спаѓаат и делумно сочуваните фрески во [[Водочки манастир|Водочкиот]] и [[Велјушки манастир|Велјушкиот манастир]], во близина на [[Струмица]].
 
Според времето на настанување следи фреско-живописот во манастирската црква [[Црква „Св. Пантелејмон“ - Горно Нерези|Св. Пантелејмон]], во [[Нерези]], во близина на [[Скопје]], од [[12 век]] ([[1164]] година), единствен по својот стил и естетика, создаден од непознати мајстори, од рангот на врвните царски византиски фрескописци во тој период. Потоа, фреските во црквата [[Св. Ѓорѓи]], во [[Курбиново]], на бреговите на [[Преспанско Езерп|Преспанското EзероЕзеро]], едни од најубавите, најоригиналните и во целост најдобро сочувани фрески што од тој период допираат до нас. Творештвото на тројцата непознати мајстори во Курбиново, претставува надоврзување на творештвото на нерешките мајстори, иако во голема мера се забележува голема оригиналност во стилот и изразот. Сè до крајот на [[13 век]] во македонскиот живопис доминира комненовскиот стил.
 
Со појавата на зографите Михаил и Ефтихиј, кои во [[1295]] година, по покана од Прогон Згур, великиот хетериарх на Византија, започнуваат да го сликаат Охридскиот храм посветен на [[Пресвета Богородица Перивлептос]], започнува нов, величествен период во македонскиот фреско-живопис, во палеолошки стил. Истите мајстори подоцна ги живописале во целост и црквите [[Св. Георгиј]] во [[Старо Нагоричане]] кај [[Куманово]] (околу [[1317]] година) и [[Св. Никита]] во с. [[Бањани]] кај [[Скопје]] (околу [[1320]] година). Нивното творештво е своевидно [[зограф]]ско и богословско ремек-дело, единствено по својот израз и високите живописни и духовни квалитети.