Блек сабат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Исправка на помешани латинични меѓу кириличните букви, replaced: aприл → април
с →‎top: Исправка на помешани латинични меѓу кириличните букви, replaced: aвгуст → август
Ред 106:
Блек сабат го издаде “Обезглавен крст” (Headless Cross)во април 1989 година и повторно беа игнорирани од современите рецензенти. На крај Allmusic му даде на албумот четири звезди, нарекувајќи го “Обезглавен крст” (Headless Cross) “најфиниот албум на Блек Сабат без Ози или Дио“. Закотвен на 62 место, албумот “Обезглавен крст” (Headless Cross) достигна до број 31 на листите во Велика Британија, и број 115 во САД. Гитаристот на Квин Брајан Меј, добар пријател на Ајоми, свиреше како соло гостин на песната “Кога Смртта Повикува“ (When Death Calls). По издавањето на албумот, бендот го придодаде турнејскиот басист Нил Мареј, кој порано членувал во Вајтснејк, пратечкиот бенд на Гери Мур, и Вау Уау.
 
Турнејата за “Обезглавен крст” (Headless Cross), со лоша судбина, започна во мај 1989 година со Kingdome Come и Silent Rage како предгрупи, но поради слабата продажба на карти турнејата беше откажана после само осум концерти. Европскиот дел од турнејата започнал во септември, каде бендот доживеа повторен успехот на топ-листите. После низа на концерти во Јапонија, бендот тргна на 23 дневна Руска турнеја со Girlschool. Блек Сабат беше еден од првите бендови кои имале турнеи во Русија, откако во 1989 Михаил Горбачов ја отвори земјата кон западните акти за првпат. Бендот се врати во студио во февруари 1990 година за да го сними продолжетокот на “Обезглавен крст”. Иако технички не беше концептуален албум, некои од темите во текстовите на песните од албумот се засновани на Нордиската митологија. “ТИР” (TYR) беше издаден на 6 aвгуставгуст 1990година и достигна место број 24 на листата на албуми во Велика Британија, но беше првото издание на Блек Сабат кое не влегло меѓу најдобрите 200 во САД. Албумот ќе се здобие со мешани рецензии на интернет, како забелешката на Allmusic дека бендот “меша мит со метал во едно тешко изложување на музичката синтеза“, додека Блендер му даде на албумот само една звезда, изјавувајќи дека Ајоми продолжува да го валка името на Блек Сабат со оваа незабележителна колекција“. Бендот направи турнеја за поддршка на TYR со Circus of Power во Европа, но последните седум концерти биле откажани заради слабата продажба на карти. За првпат во нивната кариера, турнејата не вклучуваше концерти во САД.
 
“Обесчовечувач” (Dehumanizer) (1990 – 1992)