Охридска пастрмка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: цм → см
Ред 22:
Согласно новата класификација овие форми (подвидови) кои во литературата се опишувани и како „раси“ се издигнати на одделни видови, така што денес, согласно новата класификација, би требало да разликуваме неколку вида на пастрмки кои се изведени од видот Salmo letnica Karaman 1924.
 
Бројот и распоредот на темните и црвените пеги по телото на охридската пастрмка силно варира. Црните пеги преовладуваат по страните и над грбната линија, црвените се релативно малубројни и распоредени по должината на страничната линија.<ref name="slvesnik.com.mk">[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.Македонија, бр.145]</ref>
 
Полово незрелите единки се разликуваат од полово зрелите единки со посветла боја на телото со сребренест сјај:
Ред 34:
 
== Навики, живеалиште, распространетост ==
Охридската пастрмка е ендемски вид риба на [[Балкан]]от и во Европа. Таа е најблизок потомок на видовите што живееле на тоа подрачје уште од периодот на [[терциер]]от. Охридската пастрмка природно живее само во [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]]. Во другите езера во Република Македонија и водените екумулации овој вид е порибуван.
 
Охридската пастрмка вештачки се мрести во [[Хидробиолошкиот завод - Охрид]] и во мрестилиштето ''Шум'' во [[Струга]]. Основна цел на постоечките мрестилишта е порибување на Охридското Eзеро и одржување на популацијата на охридската пастрмка во него.
Во минатото направени се повеќе обиди и охридската пастрмка е пренесена и во други водени биотопи надвор од нашата земја (власинска акумулација, неколку акумулации во САД). Во новите услови на средината охридската пастрмка исклучително успешно се одржала и покажала значително поголемо темпо на тежински и должински прираст, како и скратување на периодот на постигнување на полова зрелост, споредено со Охридското Езеро. Исто така, охридската пастрмка во експериментални услови се одгледува и во неколку салмонидни рибници во Република Македонија и покажува задоволителни резултати.<ref>[http://www. name="slvesnik.com.mk"/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.Македонија, бр.145]</ref>
 
Охридската пастрмка секогаш живее во [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]]. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија.
 
[[Охридска белвица|Охридската белвица]] се наоѓа само во најдлабоките места на езерото и тоа до 200 метри, и се мрести на зима како поточната пастрмка. Сè почесто се лови, па се претпоставува дека ѝ се заканува истребување.
 
== Размножување ==
Половата зрелост охридската пастрмка ја достигнува со навршени 4 до 5 години старост, а се мрести во зимските месеци, од декември до април, на песковитите и чакалестите делови на Охридското Eзеро и во близина на сублакустричните извори обично кога достигнуваат должина од 35 - 40 цмсм и околу 400 до 500 грама телесна тежина.
 
Подмладокот на охридската пастрмка се исхранува исклучиво со планктонски организми, додека постарите единки покрај планктон конзумираат и амфиподи, изоподи, инсекти и мекотели како и икра и други видови риба.<ref>[http://www. name="slvesnik.com.mk"/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.Македонија, бр.145]</ref>
 
Mелезите се настанати со вкрстување на ''поточна пастрмка'' и ''охридската пастрмка'', кои по телото имаат наизменично распоредени црвени округли и сиви ѕвездести пеѓи како летницата.
 
==Значење==
Охридската пастрмка има исклучително големо значење како објект за рекреативен риболов, но многу повеќе како објект за стопански риболов. Поради својот квалитет и доминантноста во пелагијалните води на езерото, од секогаш била најинтересниот објект за стопански риболов. И покрај сите мерки за заштита, навалата за искористување на рибните ресурси на Охридското Езеро е повеќе од силна, што покажуваат и статистичките податоци за лов. Доминирањето на помали должински и тежински класи во ловините е знак дека интензитетот на риболовот е пораснат преку оптималната граница.<ref>[http://www. name="slvesnik.com.mk"/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.Македонија, бр.145]</ref>
 
== Наводи ==