Херман Мелвил: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с stub sorting, replaced: -ми септември → септември (2)
с →‎Брак и подоцнежен работен живот: Замена на к со ќ, replaced: ке → ќе
Ред 39:
Мелвил се оженил за Елизабет Шо, ќерка на шефот за правда во Врховниот суд во Масачусетс, Лемјуел Шо, на 4 август 1847 година; двојката отишла на меден месец во Канада. Тие имале четири деца: два сина и две ќерки. Во 1850 години тие ја купиле Ароухед, куќа на фарма во Питсфилд, Масачусетс, што сега е музеј. Тука Мелвил живеел 13 години, зафатен со своето пишување и управување на неговата фарма. Додека живеел во Ароухед, тој се спријателил со авторот, Натаниел Хаторн, кој живеел во близина на Ленокс. Мелвил, интелектуалец осамен во поголемиот дел во неговиот живот, бил неверојатно инспириран и поттикнат од неговото ново пријателство со Хаторн за време на перидот кога ја пишувал "Моби Дик" (посветувајќи ја на Хаторн), иако нивното пријателство избледело кратко потоа, кога тој ја напишал Пјер таму.
[[File:Arrowhead farmhouse Herman Melville.jpg|thumb|right|210px|''Ероухед'', домот на Мелвил во Питсфилд, [[Масачусетс]]]]
Сепак, овие книги не ја постигнале популарноста и критичниот успех од неговите претходни книги. Њујорк Деј Бук на 8 септември 1852 година го објавил својот отровен напад на Мелвил и неговото пишување со наслов ХЕРМАН МЕЛВИЛ ЛУД. Членокот понудил како вест приказна која известувала „Критичен пријател, кој ја прочитал последната книга на Мелвил „Недоразбирања“, помеѓу две бродски несреќи, ни кажа дека е составена од бладањата и мечти на еден лудак. Бевме запрепастени на забелешката, но по уште сознанија, неколку дена подоцна, Мелвил навистина бил под стрес и неговите пријатели превземале мерки да го сместат под третман. Се надеваме дека еден од првите третмани кеќе биде да го задржат строго одделен од пенкало и мастило“. По ова и други строги критики на Пјер од критичари, издавачите почнале да стануваат претпазливи со работата на Мелвил. Неговиот издавач, Харпер и Браќата, го одбиле неговиот следен ракопис, Остров на крстот којшто е изгубен. На 1 април 1857 година, Мелвил го објавил неговиот последен, целосен роман Човекот од доверба. Овој роман, поднасловен „Маскенбал“ е добитник на општи оценки во модерни времиња како комплексно и мистериозно истражување на проблемите на измама и искреност, идентитет и маскирање, но кога бил објавен, добил коментари кои варирале од збунетост до осудување.
[[Image:HermanMelville55.jpg|left|thumb|Мелвил во 1885 година, на 66-годишна возраст]]
За да ги поправи своите несигурни финансии, Мелвил го послушал советот од пријателите и решил да се приклучи на она што за другите било профитабилно полето на предавањето. Од 1857 година до 1860 година тој зборувал во лицеуми, првенствено на Јужните мориња. Осврнувајќи се на поезија, тој направил колекција од стихови што не успеал да го заинтересира ниеден издавач. Во 1863 година тој и неговата жена се преселиле со нивните четири деца во Њујорк. По крајот на американската граѓанска војна тој ја објавил Делови од битките и аспекти од војната (1866) колекција од над 70 поеми кои генерално биле игнорирани од критичари, иако некои од нив му дале поволни критики. Во 1866 година жената на Мелвил и нејзините роднини го искористиле нивното влијание да најдат работна позиција за него како царински инспектор за Њујорк (скромно, но добро платено назначување) и тој ја држел таа позиција 19 години. Во озлогласено корумпирана институција, Мелвил наскоро се здобил со репутацијата на еден од најискрените вработени во царинската куќа. (Царинската куќа случајно се наоѓала на улицата Гансеворт, именувана по просперитетното семејство на неговата мајка.) Но во 1866 година неговата професионална кариера во пишување може да се каже дека дошла до крај.