Разлика помеѓу преработките на „Сметачко памтење“

Нема измена во големината ,  пред 2 месеци
с
Замена на к со ќ, replaced: ке → ќе (3)
с (→‎Карактеристики и улога на компјутерска меморија: Јазична исправка, replaced: креирање → создавање)
с (Замена на к со ќ, replaced: ке → ќе (3))
 
Пропусниот опсег може да се зголеми воведувајќи одделени мемориски модули што се пристапуваат паралелно. Ова, од друга страна, ги усложнува дизајните на програмите и создавањето програмски јазици со цел да се обезбеди ефикасно користење на паралелните мемории.
Пионерите во компјутерската технологија предвиделе ддека програмерите кеќе побаруваат огромни големини на брза меморија. Меѓутоа сите податоци или инструкции во меморијата не се пристапуваат униформно.
Приципот на локалност наведува на употреба на помали хардверски парциња градејќи концепт на хиерархијата и виртуелната меморија. За пристапување на клучните принципи и маханизми за организација на меморијата се користи аналогија преку библиотеката и маса со поставени книги извлечени да се разгледуваат. Штом на мастата постои добар избор на книги тогаш огромна е веројатноста дека голем дел од времето кеќе се помине во читање на тие книги отколку кога би имале само една книга и по потреба станувате и одите до полиците за да ја вратите или земете.
На истиот начин се формира илузијата на огромната меморија што и се пристапува брзо колку и на малата меморија. Исто како што не се потребни сите книги од библиотеката во исто време, така нити програмата не се пристапува до целиот код и податоците истовремено со иста веројатност. Од друга страна пак, не е возмозно да се има брз пристап до меморијата и да се има во машината големо количество на меморија, исто како што би било невозможно да се поседуваат сите книги на маса и да се најде потребното.
Принципот на локалност ги поврзува начинот на кој се работи во библиотеката и начинот на кој работи програмата. Тоа практично значи дека програмата во одреден момент од времето пристапува само до еден релативно мал дел од својот адресен простор исто како што и во одреден момент од времето е потребен само мал дел од библиотечната колекција. Принципот на временска локалност практично значи дека ако сте донеле книга на масата за да погледнете во неа, најверојатно, наскоро пак ќе треба да погледнете во неа. Слично на ова и просторната локалност специфицира дека книгите што се во близина на масата наскоро ќе бидат референцирани.
Обично оперативниот систем го менува процесорот кон друг корисник секогаш кога ја префрла страницата во било која насока од секундарната во главната меморија или обратно со што процесорот се ослободува од мртвото време на чекање. Работата и контролата на префрлање страници ја презема контролната единица или меморискиот арбитер.
Принципот на виртуелната меморија дава процедури за униформно адресирање, делејќи ја меморијата на мали делови, така што голем број корисници истовремено можат да ја делат меморијата. Доста често се појавуваат податоци или програми што истовремено можат да се делат меѓу повеќе корисници. Техниката на страничење е техника со користење на блокови со фиксна големина. Постои и друга техника која користи блокови со променлива големина сегментирање и се користи за поддржување на помоќни методи на заштита и делење на адресен простор. Многу архитектури го делат адресниот простор на големи блокови со фиксна големина со што ја поедноставуваат заштитата помеѓу оперативниот систем и корисничките програми и ја зголемуваат ефикасноста во имплементација на страничењето.
Сегмент е блок на виртуелната меморија. Виртуелната мемориска адреса за сегментарната меморија се формира од сегментен, страничен или линиски број. Сегментирање е хардверска или софтверска метода за поделба на виртуелната меморија на повеќе сегменти. Ова дозволува корисникот засебно да употребува повеќе сегменти за неговата потреба и сегменти што кеќе ги дели со други корисници.
Сето тоа може да се разгледува на венови дијаграми за пресек на множества. На пример нека има три множества А, В и С асоцирани кон секој корисник, поделени на сегменти така што сите меѓусебни пресеци се содржани во некој сегмент. Во тој случај пресекот на сите три множества е сегмент што ќе се користи од сите три корисници и нема потреба од префрлање на овој сегмент во меморијата засебно за секој корисник. Сите можни пресеци меѓу два корисника на сличен начин ќе бидат поделени меѓу корисниците.
На сличен начин страничењето може да се разгледува како две можества од кои главната меморија е со помала големина во однос на множеството дефинирано според потребите на програмата што треба да се изведува. Ефектот на страничење е всушност ефект на прозорец што се движи во рамките на дефинираното множество и во даден момент само тој дел од потребната меморија се користи во главната меморија.