Микеланџело Буонароти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: инжинер → инженер (2)
с →‎Последните проекти во Рим: Замена на к со ќ, replaced: ке → ќе
Ред 61:
Често се случувало делата на Микеланџело да бидат цензурирани. Бил опишуван како „творец на вулгарното“, што на на италијански оригинален превод би значело „свинска работа“. Озлогласената кампања на Католичката обнова наречена „лист од смоква“, чија цел било да ги прерпави сите уметнички дела и скулптури на кои биле видливи човечки гениталии, започнала со познатите дела на Микеланџело. Мермерната статуа на „Исус Спасителот“ (која се наоѓа во црквата „Св. Марија сопра Минерва“, во Рим), била прекриена со завеса и тој изглед го задржала до ден денес. Исто така и статуата на голиот Исус претставен како дете во рацете на „Богородица од Брухе“ (која се наоѓа во „Црквата на нашата светица“ во [[Брухе]], Белгија), била прекриена со векови. На копија на статуата на Давид, направена од гипс, која се наоѓа во Архитектонскиот двор во музејот на Викторија и Алберт, во Лондон, била поставена кутија во која стоел лист од смоква за „хитни случаи“. Имено, доколку во дворот влезе некој од женскиот дел на кралското семејство, за да не се чувствува непријатно, листот од смоква веднаш се поставувал на статуата.
 
Во 1546 година, Микеланџело бил ангажиран да го направи архитектонскиот план за базиликата на Св. Петар во Ватикан и добил задача да ја дизајнира нејзината купола. Како што напредувала работата на базиликата, така растела загриженоста дека Микеланџело кеќе почине пред куполата воопшто да биде завршена. Сепак, како што започнало да се привршува подножјето на куполата, и прстенот за потпора било повеќе од јасно дека дизајнирањето ќе го доживее својот крај.
 
Микеланџело починал во Рим на 88 годишна возраст (само три недели пред да наполни 89 години). Неговото тело од Рим, било вратено во Фиренца и погребано во базиликата на Светиот Крст, со што се исполнила последната желба на маестралниот уметник, да биде погребан во неговиот омилен град.