Мет Дејмон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Кемал и Дејмон: Правописна исправка, replaced: Гиљермо → Гуљелмо
с Замена на к со ќ, replaced: ке → ќе (2)
Ред 36:
Дејмон стана познат по изборот на широк спектар на филмски улоги, од прикажување на анти-херојот на писателката Патриша Хајсмит, Том Рипли во “Талентираниот г-дин Рипли” (1999 година), до паднат ангел кој раговара за поп културата како интелектуално прашање со Афлек во филмот “Догма” (Dogma) од 1999 година, од сијамски близнак во филмот “Стак он Ју” (Stuck On You) од 2003 година, кој доби мешан критички прием, до ниско буџетниот експериментален филм “Џери” (Gerry) во 2002 година, кој го режираше со Кејси Афлек и Гас Ван Сент. Дејмон доби генерално позитивна критичка реакција за неговата номинација за “Златен глобус”, прикажување на Рипли, со изјава од неделното списание “Варајати” (Variety) : “Дејмон извонредно го пренесува својот лик од невин ентузијазам во студена пресметка.”
Обидите на Дејмон како главен лик во романтичните драми како што е “Сите убави коњи” (All the Pretty Horses) и “Д Леџенд оф Багер Венс” (The Legend of Bagger Vance), во 2000 година, беа комерцијално и критички неуспешни. Неделното списание “Варајати” за филмот “Сите убави коњи” изјави: Дејмон едноставно не личи на млад човек кој го поминал својот живот среде прашина и измет од тексашки говеда на ранч. Ниту се забележуваат некакви искри со Пенелопе Круз.” Исто така тој сметал дека е “непријатно да се биде во центарот” во филмот “Д Леџенд оф Багер Венс” (The Legend of Bagger Vance) на Роберт Редфорд.
Од 2001 година до 2007 година, Дејмон доби пошироко меѓународно признавање, како дел од две големи филмси франшизи. Тој го глумеше Лајнс Колдвел како крадецот, заедно со Џорџ Клуни, Бред Пит и Џулија Робертс во 2001 година, во римејкот на Стивен Содерберг, “Единаесетмина на Оушн”(Oceans 11), на филмот “Рат Пакс” (Rat Pack’s) од 1960 година. Тој го играше амнезискиот убиец Џејсон Борн во хит акциските трилери “Д Борн Ајдентити” (The Bourne Identity) во 2002 година, “Д Борн Супермаси” (The Bourne Supermacy) во 2004 година, и “Борн Ултиматиум” (Born Ultimatium) во 2007 година. Списанието Ентертејмент Викли (Entertainment Weekly) го стави Дејмон како “акциска ѕвезда” на својот крај од декадата, “Најдобро од” листата, велејќи: “Кога првпат потпиша да биде амнезискиот борач Џејсон Борн во 2002 година, никој не би предвидел дека Дејмон кеќе стане најдобар миксер на мозоци и мускули на декадата. Го покажува она што го знаеме. Во август 2007 година, магазинот “Форбс” направи список на глумеци, која ја создаде најдобрата благајна во однос на нивните плати, листата го стави Дејмон како најплатена ѕвезда од прикажаните глумеци, откривајќи дека Дејмон има просечно 29 американски долари во благајната за секој долар што го заработил за последните три филма.
Дејмон глумеше во измислена верзија на авторот Вилхелм Грим во авантуристичката фантазија “Браќата Грим” на режисерот Тери Гилман, кој беше остро критикуван комерцијален неуспех. Весникот “Вашингтон Пост” заклучи: “Дејмон постојано светејќи со неговите заби на портпарол и лажност, дијалект од “Мастерпис Тиатр” (Masterpiece Theatre), наликува на некој кој се изгубил кон патот за аудиција за изведба на комичната опера “Пиратите од Пензанс” (The Pirates of Penzance) во средно училиште. Подоцна истата година, се појави како енергетски аналитичар во филмот Сиријана. Во 2006 година, Дејмон му се придружи на Роберт Де Ниро во филмот “Д Гуд Шепард” (The Good Shepard) како професионален офицер на ЦИА, а глумеше мафијаш на тајна задача кој работеше за Државната полиција на Масачусетс, во филмот “Д Департед” (The Departed) на режисерот Мартин Скорсис, римејк на полицискиот трилер “Интрнал Афеарс” (Internal Affears) во Хонгконг. Оценувајќи ја неговата работа во двата филма, Манола Даргис од дневниот весник “Д Њујорк Тајмс” (The New York Times), напиша дека Дејмон “го прави она што го прават неколку ѕвезди од списокот, на негов начин: тој исчезнува.” Филмот “Д Департед” (The Departed) беше успешен меѓу критиките и публиката исто така.
Дејмон имаше кратко појавување во филмот “Младинци без Младост” на режисерот Френсис Форд Копола, и друго кратко појавување во биографскиот филм “Че” за Че Гевара во 2008 година. Го позајми својот глас на анимираниот филм “Поњо он д Клиф бај д Си” (Ponyo on the Cliff by the Sea), кој беше издаден во САД во август 2009 година. Исто така се појави како гостин на последната шеста сезона на серијата “Придружба” (Entourage) во 2009 година, како тој лично, каде што се обидува да врши притисок врз Винсент Чејс (Адријан Гриниер) за донирање во неговата добротворна организација “Уан Екс Уан” (OneXOne), вистинска фондација во која Дејмон е амбасадор и станува се повеќе иритиран кога Чејс не соработува.
Ред 45:
Проектите на Дејмон за 2010 година ги вклучуваа филмовите “Д Аџастмент Биро” (The Adjustment Bureau), “Хиарафтр” (Hereafter) во режија на Клинт Иствуд, и “Браќата Коен”, римејк на вестерн филмот “Вистински подарок” (True Gift) на Џон Вејн од 1969 година. Вториот филм започна со снимање во март 2010 година, а беше издаден во декември истата година.
===Претстојни филмови===
Следно, тој кеќе работи со честиот соработник Стивен Содерберг на два проекта: како долгогодишен љубовен интерс на пијанистот Либерејс, Скот Парсен, наспроти Мајкл Даглас во претстојниот филм насочен за животот на пијанистот и како дел од целосна улога во филмот “Зараза” (Contagion). Дејмон исто така игра во споредна улога во драмата “Маргарет” на Кенет Лонерген, која беше закажана за театарско деби во 2007 година, но допрва треба да биде издадена поради проблеми со продукцијата. Ќе глуми и во комедијата “Ние купивме зоолошка” (We bought a Zoo), и му беше доделена улога во филмот “Олисијум” (Elysium).
==Создавање на кариера==
Заедно со Афлек и продуцентите Крис Мур и Шон Бејли, Дејмон основал продукциска компанија “Лајв Планет” (Live Planet), преку која четворицата ја создале документарната серија “Проџект Гринлајт” (Project Greenlight) да најдат и основаат вредни филмски проекти од почетните филмаџии. Компанијата ја произведе и основа краткотрајната мистериозно- хибридна серија “Пуш, Невада” (Push, Nevada), меѓу другите проекти. Серијата “Проџект Гринлајт” беше номинирана за наградите “Еми” за најдобра реална програма во 2002 година, 2004 година и 2005 година.