Едмунд Хусерл: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Професор по филозофија: Јазична исправка, replaced: конверзацијата → разговорот
с →‎Професор по филозофија: Исправка на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: cе → се
Ред 55:
По неговото пензионирање, Хусерл одржал неколку значајни предавања. Првото, во Париз во 1929 година, довело до Méditations cartésiennes (Париз 1931). Хусерл тука го коментира "трансцеденталното его", презентирано порано во своето клучно дело „Идеи„ (Ideen), издадено во 1913 година, во смисла на "cognito" на Декарте. Останува, сепак сам (без врски). Подоцна Хусерл предавал во Прага во 1935 година и во Виена во 1936 година, што резултираше со многу поинаку оформена работа што и покрај иновативноста не е помалку проблематична. Хусерл ги опишувал културните кризи, грчевито држејќи се за Европа, а потоа се приближил на филозофијата на историјата, коментирајќи ги Галилео, Декарт, неколку Британски филозофи, како и Кант.
 
Бидејќи Хусерл не бил политички настроен, пред сè избегнувал такви историски дискусии, демонстративно претпочитајќи да се насочат директно кон работата на свеста. Сепак доаѓа до проблем сличен на историскиот.Дали живиот светот се соодветствува и на тој начин го загрозува чистото его, или пак феноменолошкиот метод го подига егото до трансцедентално? Овие последни пишувања се производ на неговиот професионален живот. Откако се повлекол од универзитетот, создал неколку главни дела. Во 1934 година Хосе Ортега и Гасет го посетил.
Откако преживеал удар, есента во 1937 година, филозофот се разболел од плеврит. Едмунд Хусерл починал на 27 април 1938 година во Фрајбург, непосредно откако наполнил 79 години. Неговата жена Малвине го надживеала.