Николај Кузнецов: Разлика помеѓу преработките

појаснителна страница
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 19:30, 14 февруари 2021

Николај Иванович Кузњецов (јазик руски Николай Иванович Кузнецов; Зирјанка, 27 јул 1911Броди, 9 март 1944) бил советски обавестувачки агент и партизан кој делувал во окупираната Украина во текот на Втората светска војна. Кузњецов бил на чело на неколку комплексни операции, вклучувајќи и убиство и киднапирање на високи нацистички службени лица во регионите Ровно и Лавов, како што се и успешните операции против германскиот врховен судија за Украина, вицегувернерот Галиција, советникот на рајхскомесар на Украина, троица германски генерали итн. Кузњецов исто така беше првиот разузнавачки агент кој ги откри плановите на Германија за извршување на голем масовен напад на Курск, информации за германски ракети V-2, Бункер на Хитлер кај Виница (Украина) и германските планови да кренат востание на Кавказ против СССР и Адолф Хитлер, плановите за убиство на советските лидери, Соединетите држави и Велика Британија за време на Конференција во Техеран. Тој беше убиен на 9 март во судир со припадниците на украинската востаничка армија на Степан Бандера во близина на Лавов. Николај Иванович Кузњецов постхумно беше одликуван со орден за херој на Советскиот Сојуз.

Николај Кузњецов
Родено имеNikanor[1] Ivanovich Kuznetsov
Роденјули 27, 1911(1911-07-27)
Зирјанка село,
, Русија
Починалмарт 9, 1944(1944-03-09) (возр. 32)
Near Brody, Рајхскомесаријат Украјина
ДржаваСССР СССР
Служба1938–1944
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз
Советска поштенска марка од 1966 година во чест на Кузњецов

Детинство и младост

Роден е во селско семејство во Екатеринбург, во селото Зиријанки оддалечено 225 -{km}- од Свердловска (денас Екатеринбург). Тој беше трето дете на Иван Павлович Кузњецов, учесник во Октомвриска револуција и борец на Црвена армија и Ана Петровна. Семејството Кузњецов во 1932 година се преселило во Екатеринбург, а во исто време Николај се запишал на Индустрискиот факултет во овој град. По дипломирањето, се вработил во „Уралмаш завод“, каде работел како контролен инженер во градежното биро.Откако го откри својот талент за јазици, ги научи германски, есперанто, полски, украински, англиски и јазик на народот Коми (народ). Толку добро зборуваше германски што германските инженери кои работеа таму мислеа дека е роден Германец. Овие Германци беа од различни делови на Германија и зборуваа различни дијалекти, а тој, дружејќи се со нив, научи многу локализами, сленговски изрази и специфики на одредени области за говор. Неговата дипломска работа во 1936 година го бранеше на германски јазик.

Пристапување во НКВД

Во текот на 1938 година, Кузњецов се пресели во Москва и влезе во НКВД, но сепак формално работеше како инженер во една Московска фабрика. Во НКВД, тој заврши обука за падобранство, скијање и стрелање, курс за боречки вештини, тој беше обучен да вози автомобил и мотор, заврши школа за танцување, беше обучен да изведува саботажни акции. Тој веќе имаше исклучителна култура и многу широко образование. Во текот на зимата 1939 година, среде Советско-финска војна, тој отиде во Санкт Петербург од каде што беше префрлен во Финска каде што изврши тајна мисија, за која нема доволно специфични информации.

Големата патриотска војна

Конечни подготовки

Кога започнала Големата патриотска војна, Кузњецов инсистирал да биде испратен во непријателска област, каде што ќе извршува разузнавачки активности. Беше одлучено Кузњецов да се испрати во Ровно, град што Германците го прогласија за главен град на Украина во кој ги сместиле скоро сите важни институции и штабови, кои беа врзани за Источниот фронт. Идејата беше Кузњецов да влезе во една од тие институции и од таму да собира информации од најголемо значење. Во базата за обука, тој го доби псевдонимот Николај Васиљевиќ Грацев. Тој мораше да ги научи имињата, чиновите и функциите на голем број луѓе, од највисоките нацистички службеници до „неговите“ команданти и соборци. Тој ги проучувал сите документи со кои требало да се сретне еден германски војник, од воени документи до обични билети за воз. Тој мораше детално да го знае местото каде што наводно се породил и пораснал, да ги знае обичаите, навиките и менталитетот на луѓето со кои наводно живеел. Неопходно беше детално да го знае изгледот на военото училиште што го посетуваше, имињата на неговите предавачи и соученици. Се сеќаваше на продавниците, рестораните, кината и кафулињата што наводно ги посетувал. Резултатите од натпреварите на кои можеше да присуствува, популарните песни што може да ги пее ... Тој детално ја познаваше структурата и историјата на нацизмот и Вермахт, биографиите на нацистичките водачи и нивните цитати. Како дел од обуката, тој работел како преведувач на сослушување на заробените офицери и бил сместен во затворскиот логор каде што повеќепати бил тестиран неговиот нов идентитет.[2]Затворениците не се сомневале дека тоа не е нивен сонародник. За да биде комплетен неговиот нов идентитет како германски аристократ, сè што поседувал мора да биде германско производство, освен часовник што бил Швајцарија. Му бил набавен и златен прстен со монограм, кој вешто бил изменет за да одговара на иницијалите на неговиот нов идентитет.

Паул Вилхелм Зиберт

Кузнецов го презеде идентитетот на поручникот Пол Вилхелм Зиберт, кој беше заробен и сместен во затворскиот логор во близина на Москва. Зиберт беше поручник во 230-от пешадиски полк на 76-та пешадиска дивизија. Роден е на 28 јули 1913 година во Калињинград. Tаткому, Ернест бил шумар, погинал во Мазурска војна во 1915 година. Сè додека не отиде во војна, служеше на имотот на грофот Ричард Јон Шлобитен. Мајката на Хилд, родена како Кинерт, почина неколку години пред почетокот на Втора светска војна. Пред да влезе во военото училиште, Паул работел на истиот имот како помошник на управникот. Зиберт завршил школа за подофицери во Берлин, а потоа учествувал во Инвазија на Полска (1939). Во Битката за Франција ги заработи редовите поручник и Гвозден крст од прв и втор ред. Тој исто така учествуваше и во поход на Русија. Кон крајот на есента 1941 година тој беше ранет во близина на Курск и потоа му беше доделен медалот „Зимски поход на исток“. До целосното закрепнување и враќањето во својата единица, тој беше назначен за должност во „Виртшафтскоманда“, кој се занимаваше со експлоатација на материјални добра од окупираните територии на Сојуз на Советските социјалистички републики.

Победници

Одредот на победата со падобрани беше фрлен кон источна Украина на почетокот на летото 1942 година и го започна своето патување на запад кон Ровно. Кузњецов и другиот дел од одредот беа избацени со падобран на крајот на јули 1942 година, со што бројот на членови на одредот се зголеми на 100.[3]

Откритие на плановите за операцијата Цитадела

 
Ерих Кох

Своетски партизани планирале убиство на Ерих Кох, рајхскомесар на Украјине.

На 20 април 1943 година, Германците организираа парада во чест на роденденот на Хитлер. Кузњецов предложи да се убие Кох на парада, иако тоа би бил обид за самоубиство. Тој се откажа од убиството затоа што Кох не се појави на парадата.[4]

Вториот обид беше замислен на тој начин што Кузњецов и една девојка побараа прием од Кох, претставувајќи ја девојката како негова свршеница чии родители ги убиле комунистите и на која и беше наредено да оди во Германија за природна работа. Кох имал право да одобрува бракови меѓу германски војници и словенски девојки. Кох исто така беше од Источна Прусија, како и вистинскиот Пол Вилхелм Зиберт. Кузњецов не го уби Кох, проценувајќи дека тој и девојчето нема да имаат шанса да излезат живи. Меѓутоа, во оваа прилика, Кох го потврди она што советските врховни команди претпоставуваа - дека Германците планираат голема битка кај Курск во израстокот околу Курск.

Атентати на нацистичке званичнике

На Кузњецов му било наредено да го убие заменикот на Кох Паул Даргел. Паул Даргел живеел во палатата во Ровно во областа резервирана за германските офицери. Областа беше добро чувана, а на Полјаците и Украинците им беше забранет влез. Кузњецов од доушникот дознал дека секојдневната рутина на Даргел е дека тој оди пеш, дека секогаш е придружуван од аѓутант кој носи црвена кожна торба и дека испред нив одат воени полицајци кои ја проверуваат областа пред нив. Беше наредено атентатот да се случи на 20 септември. Кузњецов дошол со возачот во автомобилот на патот по кој се движел Даргел и видел двајца мажи, од кои едниот носел црвена кожна торба. Кузњецов излегол од автомобилот и ги убил двајцата, а потоа брзо се оддалечил до базата на одредот „Победници“. Два дена подоцна, локалните весници објавија вести за атентатот и се покажа дека Кузњецов не го убил Даргел, туку економистот Ханс Гел. Еден месец подоцна, Кузњецов го изврши второто убиство на Даргел, овој пат со антитенковска мина. Даргел бил тешко ранет и двете нозе му биле ампутирани.[2]

Откривање на операцијата Втор скок

Пристапот на Кузњецов кон голема сума пари го направи популарен меѓу германските војници, кои од него бараа заеми. Така Кузњецов се спријатели со СС- оберштурмбанфирер од Гестапо Улрих фон Ортел. На една забава, фон Ортел пијан му открил дека Германците организираат специјални единици под команда на Ото Скорзени. Сепак, Кузњецов од фон Ортел не можеше да открие каде и зошто ќе се користи оваа специјална единица. Сепак, фон Ортел и ’рече на Лидија Лисовска дека оди на специјална мисија и дека ќе и донесе персиски килим по враќањето. Така НКВД откри дека Германците подготвуваат операција Долг скок во Иран, т.е. откриле дека во Техеран ќе се оддржи Конференцијата во Техеран на тројца сојузнички водачи: Јосиф Сталин, Винстон Черчил и Френклин Делано Рузвелт.[5]

Смрт

 
Гроб на Николај Кузњецов во Лавов

Референци

Литература

  • Китановић, Бранко. Човек који је уздрмао Трећи рајх.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Sakaida, Henry (2012). Heroes of the Soviet Union 1941-45. Osprey Publishing. ISBN 978-1-78096-652-6.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Cornish, Nik (2014). Soviet Partisan 1941–45. Osprey Publishing. ISBN 978-1-4728-0143-2.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Yenne, Bill (21. 09. 2015). Operation Long Jump: Stalin, Roosevelt, Churchill, and the Greatest Assassination Plot in History. Regnery Publishing, Incorporated, An Eagle Publishing Company. ISBN 978-1-62157-440-8. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски

[Категорија:Русија]]