Леонид Хабаров: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 17:11, 14 февруари 2021

Леонид Васиљевич Хабаров (јазик руски Леонид Васильевич Хабаров; Схадринск, 8 мај 1947) е бивш советски и руски воен офицер, учесник во советска војна во Авганистан кој до своето пензионирање достигнал чин на полковник, главен критичар на рускиот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков. Познат е како припадник на падобранство, бил прв кој од 40 армии ја прешол границата со Демократска Република Авганистан, и после 450 km од дугиот марш без губиток го заземал стратешкиот важен премин Саланг.[1]

Леонид Хабаров
Леонид Хабаров во неговата секојдневна унуформа.
Изворно имеЛеонид Васильевич Хабаров
Роден8 мај 1947(1947-05-08)(76 г.)
Схадринск, Совез на Советски Социјалистички Републики
Држава СССР
 Русија
РодSoviet Airborne Troops Soviet Airborne Troops
Служба1966–1991 (active duty)
1991–2010 (Обука за резервни офицери во Русија)
ЧинSoviet Airborne Troops Colonel Colonel (ret.)
Единица56та Бригада за воздушен напад на стражарите
Заповедал со4 ти Баталјон за воздушен напад
Битки/војниРуско-Авганистанска војна
Одликувањаsee Military awards
Родниниsee Family
Друга дејностsee In the ROTC
Потпис
Мреж. место“Free Colonel Khabarov!”–movement
Official website (на руски)

Војна служба

На крајот на декември 1979 година, баталјонот под команда на капетанот Хабаров зазеде исклучително важно стратешко место - премин Саланг, кој го поврзуваше Кабул со Советскиот Сојуз. Војниците под негова команда стигнаа до Саланг за 22 часа без ниту една загуба. Непријателот едноставно не ги виде додека го поминуваа поголемиот дел од времето под закрила на темнината.Благодарение на правилниот тактички потег, тој тивко ја презеде контролата над преминот и ја презеде заштитата на тунелот. Да го уништеше непријателот, влегувањето на советската армија во Авганистан ќе беше многу попроблематично.Неговите падобранци го држеа преминот Саланг осумнаесет месеци, а потоа го предадоа на моторизираниот пешадиски полк и продолжија понатаму. На 13 април 1980 година, Хабаров бил ранет за прв пат во раката во која подоцна повторно ќе биде ранет. За време на таа друга сериозна рана, тој бил свесен некое време, па го спасил ранетиот војник, по што бил сместен во хеликоптер и евакуиран.Тој изгубил свест само во борбен хеликоптер, а по пристигнувањето во воената болница, ќе му бидат извршени 7 операции во обид да се спаси неговата рака.[2]

По заздравувањето, тој беше испратен во Авганистан по втор пат и ќе остане таму од октомври 1984 до септември 1985 година. Леонид стана началник на штабот на 56-та бригада на специјалната единица за воздух. Осум месеци подоцна, за време на борбената мисија кога тој водеше одред, тој беше нападнат од заседа, а заповедниот оклопен транспортер со Хабаров од последиците на директниот погодок ќе бидне директно исфрлен од патот и ќе падне во провалија длабока дваесет метри.Како резултат на тоа, Леонид беше сериозно повреден (скршена клучна коска, три ребра и повторно десната рака) и беше лечен првин во Кабул, а потоа и во Ташкент ти тој беше награден со Орден на црвено знаме за храброст и херојство за време на неговата служба во Авганистан.[2]

Друштвени дејноси апсење

По отпуштањето од Вооружените сили на Руската Федерација во 1991 година, Хабаров беше назначен за шеф на Институтот за воено техничко образование УДТУ (Државен технички универзитет Урал) и беше избран за потпретседател на Свердловска област за организација на РСВА (Руски сојуз на авганистански борци). Полковникот Хабаров беше уапсен на 19 јули 2011 година и бил задржан под истрага и беше задржан во истражен затвор во Екатеринбург под сомнение за „вооружен бунт и вклучување во други терористички активности“. Беа одржани митинзи за поддршка во различни градови во Русија, а слично нешто се случи и од руските дипломатски мисии и конзуларни претставништва во Заедница на независни држави.

Фото галерија

Референци

  1. Антонов, Александр. (1999). „«Шторм-333». Как штурмовали дворец Амина [[:Предлошка:Ru icon]]“. Журнал “Родина”. Москва: “Правда” (2). Архивирано од изворникот на 20. 6. 2012. Посетено на 20. 7. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help); URL–wikilink conflict (help)
  2. 2,0 2,1 Штепо, Валерий. (2011). Дневник «убитого» офицера [[:Предлошка:Ru icon]]. Самара: с. и. URL–wikilink conflict (help)

Литература

Надворешни врски