Глобално затоплување: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: глечери → ледници (2)
с Исправка на помешани латинични меѓу кириличните букви, replaced: сe → се (4)
Ред 173:
Секогаш кога е можно луѓето треба да пешачат, да возат велосипед или да го користат јавниот превоз. Доколку користат автомобил треба да изберат таков кој нема многу да троши. Дома, треба да ги исклучуваат светлата кои непотребно горат и да го исклучуваат телевизорот кога не го гледаат. Светилките треба често да ги менуваат бидејќи нови произведуваат помалку CO<sub>2</sub>. Доколку ги заменуваат електричните уреди треба да земат такви кои се енергетски најефективни. При миење на садови треба да користат ладна или топла вода, а не жешка. При греење на водата не треба да ја загреваат над 70 степени. Што се однесува до отпадоците, тие треба да се рециклираат. Луѓето исто така треба да посадуваат дрвја во близина на својот дом.
 
Како што е познато, животот на планетата Земја е можен поради природниот ефект на стаклена градина. Природното појавување на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички гасови), пред сeсе водена пареа (H<sub>2</sub>O), јаглерод диоксид (СО<sub>2</sub>), како и метан (CH<sub>4</sub>), азотен оксид (N<sub>2</sub>O) и тропосферски озон (О<sub>3</sub>), овозможува сончевата енергија да дојде до земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина. Земјината површина апсорбира најголем дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се оддава од земјината површина. Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета, со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Отсуството на стакленичките гасови би ја намалило температурата на нашата планета за околу 33 C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во сончевиот систем.
 
==Ефект на стаклена градина==
Ред 181:
 
Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, се чини дека во последното столетие се претвора во сериозна закана, засилен од човечките активности.
Со индустријализација, емисијата на стакленички гасови од согорување на фосилни горива, сечење на шуми и чистење на земјиште за употреба во земјоделството, постојано се зголемува. Во последните 100 години стакленичките гасови се оддавале во атмосферата побрзо од колку што природните процеси можеа да ги отстранат. Дополнително, оддавани се нови синтетички гасови како што се хлорофлуоројаглероди и халони (CFC) и утврдено е дека и тие го поддржуваат ефектот на стаклената градина. Во овој период концентрацијата на овие гасови во атмосферата постојано се зголемува, со предвидувања дека ќе продолжи да расте паралелно со порастот на глобалната економија. Овие дополнителни емисии почнуваат да ја нарушуваат деликатната рамнотежа, значително зголемувајќи го количеството на стакленички гасови во атмосферата и нивниот изолационен ефект. Податоците за климата пред 160 години укажуваат на тесна поврзаност меѓу концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата и глобалните температури. Уште во 1896 година големиот шведски хемичар Свенте Архениус предвидувал дека со удвојување на концентрацијата на CO<sub>2</sub> во атмосферата преку согорување на фосилно гориво, можно е глобалната температура да порасне за 5,5 C. Ова не е далеку од вредностите 1,5 C до 4,5 C кои сега се добиваат од компјутерските симулации на климата за двојно зголемување на CO2 во атмосферата. Во 1995 година светската научна заедница извести дека промената е веќе присутна и дека планетата Земја во минатото столетие се затоплила за 0,5 C. Во јануари 2001 година UNIPCC (Меѓувладиното тело за климатски промени при Обединетите нации), официјално изјави дека човековото влијание претставува главен фактор за денешното глобално затоплување. Оваа изјава беше од големо знаење, бидејќи до тогаш постоеја мислења според кои глобалното затоплување е поврзано со сончевата активност, природните климатски флуктуации, или е резултат на грешки во компјутерските модели. Квантитативните предвидувања за идната состојба сeсе уште се неизвесни. Во 1995 година IPCC направи проценка дека глобалната температура на воздухот на Земјата ќе се зголеми за дополнителни 1 C -3,5 C до 2100 година, додека во 2001 година за истиот период беше предвиден пораст на температурата од 1,4 C - 5,8 C. Во најдобар случај, ќе се соочиме со затоплување за 2 C до 2100 година, што би било најбрзо менување на климата во последните неколку милениуми, период кога се развивала модерната цивилизација. Затоплувањето во овие размери ќе влијае врз многу аспекти на нашите животи, бидејќи ќе предизвика промени на температурите и врнежите, пораст на морското ниво и промени во распределбата на свежа вода. Најверојатно значајни ќе бидат влијанијата врз здравјето на луѓето, виталноста на шумите и други природни подрачја, како и продуктивноста во земјоделството.
 
ГОДИШНИ ВРНЕЖИ, 1901-1995 (Американска истражувачка програма за глобални промени: Климатски промени / тековни сознанија) Во последните 100 години глобалното средно морско ниво порасна за 10 до 25&nbsp;cm, делумно поради ширењето на водата кога таа се загрева. Топењето на ледниците во последното столетие, исто така, придонесува за пораст на морското ниво. Порано замрзнатото земјиште (вечен мраз) во арктичкиот предел на Алјаска и Сибир исто така почна да се топи, нарушувајќи ги екосистемите и инфраструктурата. Споменатото топење и затоплувањето на тундрите ќе доведе до распаѓање на органска материја и ослободување на заробениот јаглерод и метан, создавајќи дополнителен извор на стакленички гасови. Како што ризиците од глобалните климатски промени стануваат сeсе повеќе очигледни, се јавува вистинска потреба од фокусирање на акции за намалување на емисиите на стакленичките гасови и минимизирање на штетните влијанија од климатските промени. Општо земено, луѓето во земјите во развој се почувствителни на климатските промени заради недоволно развиената инфраструктура и ограничениот капитал, како и поголемата зависност од природните ресурси.
 
== Меѓународни иницијативи во врска со климатските промени ==
Ред 196:
Земјите со економија во транзиција, како и земјите во развој при преземањето на такви активности се соочуваат со големи тешкотии, главно заради ограниченото користење на околинско-прифатливи технологии, недостаток на финансиски и човечки ресурси со соодветна експертиза, како и поради отсуство на ефикасни административни структури. Поради тоа итно е потребно создавање капацитети (capacity building) во овие земји.
 
Како што е познато, животот на планетата Земја е можен поради природниот ефект на стаклена градина. Природното појавување на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички гасови), пред сeсе водена пареа (H2O), јаглерод диоксид (СО2), како и метан (CH4), азотен оксид (N2O) и тропосферски озон (О3), овозможува сончевата енергија да дојде до земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина. Земјината површина апсорбира најголем дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се оддава од земјината површина. Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета, со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Отсуството на стакленичките гасови би ја намалило температурата на нашата планета за околу 33 C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во сончевиот систем.
 
== Создавање капацитети и климатски промени ==