Алексис Санчес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Македонски назив на предлошка, replaced: cite news → наведени вести (2)
с →‎top: Исправка на помешани латинични меѓу кириличните букви, replaced: вo → во
Ред 61:
'''Алексис Алехандро Санчес Санчес''' ({{IPA-es|aˈleksis ˈsantʃes}}; роден на 19 декември 1988), исто така познат едноставно како '''Алексис''', е [[чиле]]ански [[фудбал]]ер, [[Напад (фудбал)|напаѓач]] на [[ФК Интер|Интер]] и на [[Фудбалска репрезентација на Чиле|чилеанската репрезентација]].
 
Санчес ја започнал својата кариера како младински играч за [[ФК Кобрелоа|Кобрелоа]] на возраст од 17 години, а по завршувањето на сезоната со клубот, се преселил во [[Италија]] во тимот на [[Удинезе Калчо|Удинезе]] во 2006 година. Тој го освоил својот прв трофеи во наредните сезони, како позејмен играч на [[ФК Коло Коло|Коло Коло]] и [[ФК Ривер Плејт|Ривер Плејт]]. Во 2008 година, се вратил вoво Удинезе, каде што станал составен дел од тимот во неговата прва целосна сезона во клубот. По три плодни сезони во Италија, Санчес се преселил во [[ФК Барселона|Барселона]] во трансфер вреден 30 милиони [[Евро|евра]] (£25 милиони евра), со што станал најскапиот чилеански играч на сите времиња.
 
Во неговата прва сезона во Барселона, Санчес играл во напаѓачката тројка со [[Лионел Меси]] и [[Давид Вилја]], помагајќи му на клубот да победи во [[Фудбалски куп на Шпанија|Копа дел Реј]], [[Суперкуп на Шпанија|Суперкупот на Шпанија]], [[Суперкуп на УЕФА|Суперкупот на УЕФА]], и [[Светско клупско првенство во фудбал|Светското клупско првенство]]. Триото постигнало вкупно 82 гола во наредната сезона, со што многу допринеле за освојувањето на [[Примера Дивисион (Шпанија)|шпанското првенство]] во сезоната 2012-2013, како и одбраната на шпанскиот куп. Санчес го забележал својот најдобар учинок со 21 постигнат гол во сезоната и 14 асистенции. Со доаѓањето на [[Нејмар]] во 2013 година, Санчес бил продаден на [[ФК Арсенал|Арсенал]] во трансфер вреден £31,7 милиони [[Британска фунта|фунти]] (€35,8 милиони) една година подоцна.