Богородичната црква во Париз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{Commons category| → {{рв|
дополнување
Ред 15:
| release_date = 14 Јануари, 1831
}}
'''''Богородичната црква во Париз''''' ({{lang-fr|Notre-Dame de Paris}}) e роман од француски писател [[Виктор Иго]], издаден во 1831. Романот е познат и како '''''Sвонарот од Богородичната црква''''' или '''''Грбавецот од Богородичната црква'''''. Дејството се одвива во [[Париз]] во 1482. година, во и околу [[Богородичната црква]], од каде потекнува и насловот. Се раскажува за фиктивниот ѕвонар од Богородичната црква, [[Квазимодо]] и сиромашната убавица, [[ромиРоми|циганкатаЦиганката]] Есмералда која станува жртва на Клод Фроло, моќен архиѓакон. Книгата била напишана со намера да се подигне јавното мислење во заштита на црквата од уривање или модернизирање, на кои се противел Иго.
 
== За романот ==
Ред 21:
Иго започнал да го пишува романот во [[1829]] година, а го завршил во февруари [[1831]]. Го насловил само како ''Богородичната црква во Париз'' (фр. ''Notre-Dame de Paris''), но преведувачите на разни јазици насловот го адаптирале како ''Грбавецот од Богородичната црква'' (англ. ''The Hunchback of Notre Dame'') или во поновите преводи ''Sвонарот од Богородичната црква''. Иго го преферирал насловот што го одбрал за книгата, бидејќи сметал дека самата црква е главен лик во романот.
 
Голем дел од романот ја опишува црквата, и го осудува нејзиното напуштање по оштетувањата кои ги претрпела за време на [[Француската револуција]] кога толпите, сметајќи ја за симбол на стариот систем, ја вандализирале и ги уништиле инвентарот, внатрешноста и голем дел од прозорците. Описот на црквата е живо олицетворение на идеите на [[романтизам|романтизмот]]. Тоа не е само голем архитектонски споменик, туку е и жив гигант под чии нозе се престигнуваат вековите и поколенијата. Џиновската кула на катедралата е некој вид симбол на [[вечност]]а, кој се открива во некои појави. Со истата таа желба кон вечното писателот им приоѓа и на своите личности, кои се борат, страдаат и се радуваат во подножјето на бесмртниот џин.
 
Описот на црквата е живо олицетворение на идеите на [[романтизам|романтизмот]]. Тоа не е само голем архитектонски споменик, туку е и жив гигант под чии нозе се престигнуваат вековите и поколенијата. Џиновската кула на катедралата е некој вид симбол на [[вечност]]а, кој се открива во некои појави. Со истата таа желба кон вечното писателот им приоѓа и на своите личности, кои се борат, страдаат и се радуваат во подножјето на бесмртниот џин.
 
== Кратка содржина ==
Во центарот на романот е Есмералда, циганкаЦиганка полна со грација и наивна дивина. Таа е родена во циганските черги, далеку од културата и буката на големите градови. Спротивно на неа, [[Квазимодо]], ѕвонарот на Богородичната црква во Париз е изрод. Единственото нешто што навистина го љуби се ѕвоната, кои за жал му го одземале слухот. Третиот лик, Клод Фроло неизмерно образован човек и архиѓакон на готската катедрала, иако згрозен од разобличеноста на Квазимодо го одгледал како свој син.
 
На т.н. плоштад на гревот, Квазимодо претходно претепан и омаловажен од страна на парискиот народ, моли за вода, но добива само смеа и пцовки. Од ведро небо, Есмералда му приоѓа и му дава вода. За првпат во неговиот живот Квазимодо се преобразува во човек и длабоко се вљубува во неа. Истовремено Клод Фроло гледајќи низ прозорецот од катедралата ја забележува Есмералда како го изведува својот цигански танц. Ненајдено е освоен од похотни чувства и решава дека мора да ја има.
Ред 33 ⟶ 31:
 
Квазимодо се грижи за неа се додека, група бунтовници не решат да влезат во катедралта и ја грабнат Есмералда. Квазимодо со сета своја моќ се обидува да ја спаси, но не успева. Таа е одведена на јавниот плоштад каде џелатот и го скратува животот. Во тој момент Квазимодо исчезнува. Авторот го завршува романот со два трупа најдени години подоцна, едниот долг и човечки, а другиот силно стиснат за првиот разобличен и згрбавен, кога луѓето се обиделе да ги раздвојат телата, тие се претвориле во пепел.
 
==Значење и влијнаие==
[[Гете]] го прочитал романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“, но според неговото признание, му било потребно големо трпение за да го издржи мачењето кое му го предизвикала оваа книга која ја оценил како „најодвратната книга напишана кога и да било“.<ref>J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Beograd: Rad, 1960, стр. 63.</ref>
 
== Наводи ==