Габриела Мистрал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: литературни дела → книжевни дела
с →‎Животопис: Исправен наслов, replaced: Превод на книжевни дела од автори → Превод на литературни дела од автори
Ознаки: Прелистувач „Автовики“ Рачно отповикување
Ред 3:
 
==Животопис==
Родена е во [[1889]] година во [[Викуња]], во Чилеанската провинција [[Кокимбо]]. Растела и се школувала во несреќни и неповолни услови на детството. И се посветувала на педагошката дејност, учителствувајќи во разни места на својата земја. Афирмирајќи се како поетеса и педагошки деец, таа, во духот на латиноамериканската традиција, се посветила на дипломската кариера како претставник на [[Чиле]] во некои европски и американски земји. Во [[1945]] станала добитник на [[Нобеловата награда за литература]], како единствена поетеса на шпанкиот јазик. Умрела во [[Њујорк]] во [[1957]]. <br /><ref>Превод на книжевнилитературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010</ref>
 
Во младоста го следела и го доживувала модернистичкото движење на [[Рубен Дарио]], што ги зафаќа [[Шпанија]] и [[Латинска Америка]], но својот опус, не особено голем, го создавала во постмодернистичкиот период. Запознавајќи ја традицијата на литературата пишувана на шпански јазик и на европската поезија, во децениите на авангардните движења таа дистанцирана од нивната екстремна експерименталност, создава свое естетичко кредо и стил, што ги соопштува во своите ''Десет уметнички заповеди''. Говорејќи за незадоволството од постигнато како изневерување на соништата и на природата, таа истакнала дека ,,...ако престанеш да бидеш човек или жена, ќе престанеш да бидеш уметник“. Во овој контекст, според критиката, се издвојуваат две основни нејзини творечки периода првиот - интимистички, во кој доаѓале до израз нејзините лирско-медитативни исповеди на жена и на човечко суштество, осамено во големиот свет, и вториот-американистичкиот, што ја открива сеопфатеноста на нејзиното доживување на животот и светот-на детството, љубовта, смртта, земјата, од што зрачи едно универзално човечко суштество, со чувство и солидарност. Нејзината поезија на богатата традиционална шпанска изразност и на автентичната индогеност и лексика, ни ја открива земјана на [[Чиле]] и на Шпанска Америка со сета исконска слоевитост и убавина на природата и на сраснатоста на народите, племињата и на човекот со неа. Во својот особен јазик и стил и со посебноста на својот сензибилитет Габриела Мистрал е почитувана и во [[Чиле]] и во другите земји на континентот и светот.