Галички дијалект: Разлика помеѓу преработките

с
Јазична исправка, replaced: литературни дела → книжевни дела
Нема опис на уредувањето
с (Јазична исправка, replaced: литературни дела → книжевни дела)
[[Податотека:Makedonski dijalekti-prilagodeno.png |thumb|400px|right|Галичкиот дијалект на картата на македонските дијалекти]]
'''Галички дијалект''', '''мијачки дијалект''' или '''малорекански дијалект''' — [[дијалект]] од подгрупата на западни и северозападни дијалекти на [[Западномакедонско наречје|западното наречје]] на [[Македонски јазик|македонскиот јазик]]. Галичкиот дијалект е дел од дебарската група говори, но освен со [[Рекански дијалект|реканскиот]], близок е и со [[Гостиварски дијалект|гостиварскиот дијалект]]. Дијалкетот е карактеристичен по тоа што има користење на доста архаични зборови. Овој дијалект може да се најде и во историски литературникнижевни дела на македонскиот јазик, како на пример „[[:s:mk:Ѓорѓија Пулевски/ Тријазичник|Тријазичникот]]“ на [[Ѓорѓија Пулевски]].
 
== Територија ==
* Консонантските групи *''tj *dj'' ги наоѓаме во гласовите ''ќ'' и ''ѓ'': ''меќава, вруќина,'' а во помал број случаи застапени се и разновидностите ''шч'' или ''ш'': ''лешча, плешчи, машче'', односно ''ж'': ''прежа'' (''преѓа''). И во другите случаи, за разлика од целото дебарско говорно подрачје консонантската група ''шт'' се јавува како ''шч'', а ''жд'' се скратила во ''ж'': ''гушчер, глужот'', ''дожот.''
* Консонантот ''њ'' во овој говор добро се чува и се јавува во оние примери во кои се јавува и во стандардниот јазик: ''коњ, коњче, бања, јадење, пилиња, планиње''.
* Во Дебарско Поле, Долна Река, Дримкол и Голо Брдо, консонантската група ''*čr-'' се јавува со резултат ''чǎр-'': ''чǎрпит, чǎрвец, чǎрвојадина,'' во Малесија како ''цǎр-'': ''цǎрн, цǎрвен'', а во Мала Река во сите осум села се јавува како ''цр-'': ''црв, црпет''.<ref name="ReferenceA">Дијалектите на македонскиот јазик, Божидар Видоески, 1998, том 1, Скопје</ref>
 
== Морфолошки карактеристики ==
* За разлика од сите околни говори, во малореканскиот карактеристични се и имперфективните образувања на ''-ува'' кои се јавуваат само во овој говор: ''кажуват, купуват, влегуват'' итн.
* Посебна индивидуалност на говорот покрај долината на Мала Река претставува тоа што основниот вокал во презентот, освен во трето лице еднина, се јавува и во трето лице множина: ''носиш / тој носит'' / ''ние носиме / вие носите / тие носит''; ''береш / тој берет / ние береме / вие берете / тие берет''.
* Глаголскиот прилог во малореканските села се употребува со наставката ''-еќи'': ''викаеќи, враќаеќи'', ''одееќи'' итн.<ref>Дијалектите на македонскиот јазик, Божидар Видоески, 1998, том 1, Скопје<name="ReferenceA"/ref>
 
== Наводи ==