Вселенски сили на САД: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
Вселенската сила е под надзор на секретарот на Военото воздухопловство, кој е цивил кој одговара пред министерот за одбрана и е назначен од претседателот на САД со потврда од [[Сенат на Соединетите Американски Држави|Сенатот]].<ref>{{Cite web|url=https://www.spaceforce.mil/About-Us/Fact-Sheet|title=Fact Sheet|last=|first=|date=|archive-url=|archive-date=|url-status=live|access-date=27 јануари 2020|website=United States Space Force}}</ref> Воениот началник на Вселенската сила е началникот на вселенски операции (на {{lang-en|chief of space operations, CSO}}), кој има надзор врз единиците на ВС и е дел од Здружените штабни началници (на {{lang-en|Joint Chiefs of Staff}}), тело на највисоките униформирани водачи во Министерството за одбрана кое го советува [[претседателот на САД]] и други за воени работи.
 
Службениците на ВС се познати како гардијани (на {{lang-en|guardians}}, преведено на {{lang-mk|чувари}}). Звањето гардијан има долго минато во вселенските операции, влечејќи наследство од геслото на Вселенската команда на Военото воздухопловство од 1983 година, „Чувари на високата граница“ (на {{lang-en|Guardians of the High Frontier}}). Називот бил најавен во декември 2018 година, во пресрет на првиот роденден на Вселенската сила, од потпретседателот на САД [[Мајк Пенс]]. Претходно, службениците биле познати како вселенски професионалци (на {{lang-en|space professionals}}).<ref name="Guardians>{{Cite web|last=Pawlyk|first=Oriana|date=18 декември 2020-12-18|title='Guardians' of the Galaxy: Pence Announces Name of Space Force Members|url=https://www.military.com/daily-news/2020/12/18/guardians-of-galaxy-pence-announces-name-of-space-force-members.html|access-date=19 декември 2020-12-19|website=Military.com|language=en}}</ref>
 
Вселенската сила е најмалата вооружена служба на САД и е составена од 2.501 гардијан и активни 77 вселенски летала. Важни вселенски летала и системи со кои работи се: [[ГПС]] констелација, воена сателитска комуникациска констелација, вселенскиот авион ''Boeing X-37'', национален систем за ракетно предупредување, национална мрежа за вселенско набљудување, мрежа за сателитска контрола и вселенски системи за електронско војување. Согласно Законот Голдвотер-Николс, Вселенската сила, како воена гранка, е одговорна за организирање, обучување и опремување на вселенски сили, кои потоа се презентираат пред обединетите борбени команди (на {{lang-en|unified combatant commands}}), претежно пред Вселенската команда на САД (на {{lang-en|United States Space Command}}), за примена.
 
== Историја ==
Вселенската сила на САД ги влечивлечe своите корени од почетокот на [[Студената војна]]. Првите вселенски програми на Военото воздухопловство почнале во 1945 година. Западната развојна дивизија била формирана во 1954 година, под водство на генералот [[Бернард Шривер]], како прва вселенска организација во рамките на вооружените сили на САД, и сè уште постои како Центар за вселенски и ракетни системи при ВС. Воените вселенски сили биле организирани под неколку различни главни команди на Военото воздухопловство сè додека не биле обединети со формирањето на Вселенската команда на Военото воздухопловство на 1 септември 1982 година. Вселенските сили на САД најпрво почнале да спроведуваат операции за борбена поддршка во [[Виетнамската војна]], и продолжиле да обезбедуваат сателитска комуникациска, временска и навигациска поддршка за време на [[Фолкландската војна]] во 1982 година, инвазијата на Гренада од САД во 1983 година, бомбардирањето на Либија во 1986 година и инвазијата на Панама од САД на крајот на 1989 и почетокот на 1990 година. Првата поголема употреба на вселенски сили кулминирала во [[Заливската војна]], каде се покажале како важни за коалицијата предводена од САД. Првите дискусии за создавање на воена вселенска служба се случиле во 1958 година, а идејата повторно била земена предвид од претседателот [[Роналд Реган|Реган]] во 1982 година. Вселенската комисија од 2001 година барала создавање на Вселенски корпус помеѓу 2007 и 2011 година, а независен предлог во [[Конгресот на САД]] можел да создаде Вселенски корпус во 2017 година. На 20 декември 2019 година бил потпишан Законот за Вселенска сила на САД, со кој Вселенската команда на Военото воздухопловство била реорганизирана во Вселенската сила на САД, со што била создадена првата нова независна воена служба од 1947 година, кога Воздушните сили на Армијата на САД биле реорганизирани во Военото воздухопловство на САД.
 
== Мисија ==
Законот за Вселенска сила на САД (на {{lang-en|United States Space Force Act}}) ја кодифицирал Вселенската сила како организирана, обучена и опремена за да обезбеди „слобода на дејствување за САД во, до и од вселената“ и „брзи и одржливи вселенски операции“, а како цел на наведените должности е „заштита на интересите на САД во вселената“ и спречување на агресија во, од и кон вселената и спроведување на вселенски операции.<ref name="auto3">{{cite web|url=https://docs.house.gov/billsthisweek/20191209/CRPT-116hrpt333.pdf|title=National Defense Authorization Act for Fiscal Year 2020|publisher=United States House of Representatives|date=Декември 2019}}</ref>
 
На 10 август 2020 година, Вселенската сила ја објавила својата врховна доктрина, „''Spacepower: Doctrine for Space Forces''“, пошироко објаснувајќи ги набројаните мисии и должности. Во ''Spacepower'', Вселенската сила ги дефинира нејзините три темелни одговорности, артикулирајќи зошто вселенската моќ е од витално значење за просперитетот и безбедноста на САД — со цел да се обезбеди слобода на дејствување во вселенскиот домен, да се овозможи здружена ефективност и леталитет и да се обезбедат независни опции за националното лидерство на САД, способно да ги постигне националните цели. ''Spacepower'' ги воспоставува петте основни надлежности на Вселенската сила, кои артикулираат како се користи вселенската моќ — вселенска безбедност, борба со проекција на моќ, вселенска мобилност и логистики, информациска мобилност и свесност за вселенскиот домен. ''Spacepower'' ги наведува седумте дисциплини на вселенската моќ кои се потребни за основните компетенции: орбитално војување, вселенско електромагнетно војување, раководење со вселенска битка, вселенски приод и одржување, воено разузнавање, кибероперации и инженерство и снабдување.<ref>{{Cite web|last=Wright|first=Ashley M.|date=10 август 2020|title=Space Force releases 1st doctrine, defines “spacepower” as distinct form of military power|url=https://www.spaceforce.mil/News/Article/2306828/space-force-releases-1st-doctrine-defines-spacepower-as-distinct-form-of-milita|url-status=live|archive-url=|archive-date=|access-date=3 февруари 2021|website=United States Space Force|language=en-US}}</ref>
 
== Наводи ==