Вселенски сили на САД: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 9:
Службениците на ВС се познати како гардијани (на {{lang-en|guardians}}, преведено на {{lang-mk|чувари}}). Звањето гардијан има долго минато во вселенските операции, влечејќи наследство од геслото на Вселенската команда на Военото воздухопловство од 1983 година, „Чувари на високата граница“ (на {{lang-en|Guardians of the High Frontier}}). Називот бил најавен во декември 2018 година, во пресрет на првиот роденден на Вселенската сила, од потпретседателот на САД [[Мајк Пенс]]. Претходно, службениците биле познати како вселенски професионалци (на {{lang-en|space professionals}}).<ref name="Guardians>{{Cite web|last=Pawlyk|first=Oriana|date=2020-12-18|title='Guardians' of the Galaxy: Pence Announces Name of Space Force Members|url=https://www.military.com/daily-news/2020/12/18/guardians-of-galaxy-pence-announces-name-of-space-force-members.html|access-date=2020-12-19|website=Military.com|language=en}}</ref>
Вселенската сила е најмалата вооружена служба на САД и е составена од 2.501
Вселенската сила на САД ги влечи своите корени од почетокот на [[Студената војна]]. Првите вселенски програми на Военото воздухопловство почнале во 1945 година. Западната развојна дивизија била формирана во 1954 година, под водство на генералот [[Бернард Шривер]], како прва вселенска организација во рамките на вооружените сили на САД, и сè уште постои како Центар за вселенски и ракетни системи при ВС. Воените вселенски сили биле организирани под неколку различни главни команди на Военото воздухопловство сè додека не биле обединети со формирањето на Вселенската команда на Военото воздухопловство на 1 септември 1982 година. Вселенските сили на САД најпрво почнале да спроведуваат операции за борбена поддршка во [[Виетнамската војна]], и продолжиле да обезбедуваат сателитска комуникациска, временска и навигациска поддршка за време на [[Фолкландската војна]] во 1982 година, инвазијата на Гренада од САД во 1983 година, бомбардирањето на Либија во 1986 година и инвазијата на Панама од САД на крајот на 1989 и почетокот на 1990 година. Првата поголема употреба на вселенски сили кулминирала во [[Заливската војна]], каде се покажале како важни за коалицијата предводена од САД. Првите дискусии за создавање на воена вселенска служба се случиле во 1958 година, а идејата повторно била земена предвид од претседателот [[Роналд Реган|Реган]] во 1982 година. Вселенската комисија од 2001 година барала создавање на Вселенски корпус помеѓу 2007 и 2011 година, а независен предлог во [[Конгресот на САД]] можел да создаде Вселенски корпус во 2017 година. На 20 декември 2019 година бил потпишан Законот за Вселенска сила на САД, со кој Вселенската команда на Военото воздухопловство била реорганизирана во Вселенската сила на САД, со што била создадена првата нова независна воена служба од 1947 година, кога Воздушните сили на Армијата на САД биле реорганизирани во Военото воздухопловство на САД.
|