Теодосиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешна политика: Јазично подобрување, replaced: трон → престол
с Правописна исправка, replaced: Константинопол → Цариград (5)
Ред 24:
Теодосиј II бил побожен и образовен владетел, познат по своите вештини во калиграфија. Во [[414]] година била изградена [[Аја Софија|втората црква Света Софија]], позната како Теодосиева црква. Неговата сестра [[Пулхерија]] издала наредба според која не се дозволувал пристап до Големата палата на никој маж, па се зборувало дека за време на нејзиното регентство дворот бил претворен во [[манастир]]. Кога Теодосиј наполнил полнолетство тој се оженил со Евдокија која ја родила [[Лицинија Евдоксија]] која се омажила за [[Валентинијан III]], царот на Западот.
 
Во текот на овој период биле завршени новите ѕидини на престолнината, кои биле повеќе од еден километар оддалечени од старите ѕидини на Константин. Ѕидините го опфаќале просторот од [[Палата Влахерна|палатата Влахерна]] до бреговите на [[Мраморно Море]] со должина од 6,5 километри. Просторот помеѓу новите ѕидини и старите бил малку населен, па овие површини се користеле за изградба на манастири и резервоари. Прва цистерна која била изградена била цистерна Еција во 421 година на шестиот рид, цистерна на Аспар на петтиот рид и цистерна на Свети Моциј на седмиот рид. На [[27 февруари]] [[425]] година бил основан [[КонстантинополскиЦариградски универзитет|КонстантинополскиотЦариградскиот универзитет]] на грчки и латински јазик.
 
== Надворешна политика ==
 
Во [[421]]-[[422]] година империјата водела војна со Сасанидска Персија, предизвикана од започнатите прогони против христијаните во земјите на [[Персија]]. Конфликтот завршил наскоро, бидејќи во исто време [[Хуни]]те започнале инвазија во [[Тракија]] и се заканиле на [[КонстантинополЦариград]]. Така бил договорен прекин на воените дејствија во [[Месопотамија]] додека персискиот император престанал со христијанските прогони и добил симболичен данок од Теодосиј. Хуните исто така се повлекле од [[Тракија]], под услов да им биде платен годишен данок. Но во 441 година избувнал нов конфликт во [[Персија]], и истиот завршил откако Теодосиј го обновил плаќањето на данок.
 
Цариградската влада при Теодосиј II одржувала стабилни односи со Западната империја, иако во последните години од владеењето на [[Хонориј]], тие биле заладени поради подигнувањето на [[Констанциј III]] за соимператор на запад (421 година).
Ред 34:
Смртта на Хонориј во [[423]] година го оставил Теодосиј II како единствен легитимен владетел од династијата бидејќи Хонориј немал машки деца, но Теодосиј немал намера да ја обедини [[Римското Царство]]. Во [[425]] година, по отстранувањето на узурпаторот Јован на западниот престол бил поставен малолетниот [[Валентинијан III]], братучед на Теодосиј II. Во 30-те години [[Вандали]]те зазеле значителни римски територии во [[Северна Африка]], вклучително и градот [[Картагина]], а заедничката експедиција на двете империи против освојувачите во [[Сицилија]] претрпело неуспех (439-442).
 
Во 30-тите и 40-тите години на [[5 век]] значаен проблем претставувало постојаните напади на Хуните на [[Балканскиот Полуостров]], особено по стапувањето на [[Атила]], кој ја уценувал византиската влада за да добива огромни количини злато. Во 439 година, годишниот данок платен на Атила бил зголемен двојно - од 350 на 770 римски фунти злато, а по преземањето на Ниш во 443 година е двојно зголемен до 1400. Сепак дунавските провинции на Мизија повеќепати биле уништени и останале речиси напуштени. Императорот се согласил да плаќа по 2100 римски фунти злато годишно (околу 687 кг.) во замена за примирје. По поразот кај Утус ([[447]] година) [[Атила]] пристигнал до ѕидовите на КонстантинополЦариград и побарал тројно поголем годишен данок (6000 фунти злато), но Теодосиј II ги одбил овие услови. Хуните не биле во можност да ги заземат импресивните Теодосиеви ѕидини по кое се повлекле. Во 449 година византиски агенти направиле неуспешен обид за атентат врз Атила.
 
== Религиозна и правна политика ==
 
Во [[438]] година бил издан "''Codex Theodosianus''" кој ги содржал сите закони кои биле издадени од [[Константин Велики]] до Теодосиј II. Кодексот влегол во сила како на истокот така и на западот бидејќи врските меѓу двете страни биле многу силни. Самиот Валентијан се оженил со [[Лицинија Евдоксија]]. Со издавањето на кодексот настанале и нови религиозни контроверзии кои се однесувале на божествената и човечката природа на [[Христос]]. Овој спор се решил на [[Трет вселенски собор|Третиот вселенски собор]] во [[Ефес]] каде било потврдено дека [[Исус Христос]] е една Личност со две природи: со божествена природа – од вечноста, од Отецот, и со човечка природа – која ја примил во времето, од Пресвета Богородица. По соборот било осудено учењето на [[Несториј КонстантинополскиЦариградски]] (несторијанство).
 
{{Римски императори}}