Муслиманско освојување на Египет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Освојување: Јазично подобрување, replaced: лидер → водач
с →‎Освојување: Правописна исправка, replaced: Константинопол → Цариград
Ред 39:
Без разлика на грешките на византиските генерали, вклучувајќи го секако и Теодор, скоро сите историчари се согласни дека Амр направил брилијантна битка кај [[Хелиополис]]. Така, кога византиската војска започнала да се приближува, Амр својата ја поделил на три посебни единици, со еден одред под команда на доверливиот командант Кариџа. Оваа единица започнала со својата задача кон исток околу околните ридови, каде успеала да се сокрие. Оваа единица требало да остане скриена додека Римјаните ја започнат битката, по кое тие требало да го нападнат византиското крило од зад грб. Вториот одред заминал кон југ, место кое требало да се искористи за бегство доколку Битката започне да пропаѓа. Така кога византиските сили започнале со нападот, тие биле целосно изненадени од одредот на Јариџа. Теодор од друга страна го игнорирал муслиманското придвижување на коњаницата. Во нападот, меѓу византиските сили започнал да владее хаос, каде војниците на Теодор се обиделе да побегнат кон југ, но таму биле пресретнати од третиот одред, кој бил поставен таму за само таква намена. Така, византиската армија доживеала голем пораз.
 
По крајот на битката, поголемиот дел од јужниот и централниот дел на [[Египет]] паднал под силите на Амр. Хелиополис претходно било место каде се наоѓала најголемата византиска сила во Египет, но по нивниот пораз муслиманите започнале без проблем да навлегуваат во срцето на Египет. Земјата во суштина била без одбрана, бидејќи никој не сакал да се вклучи на страната на византијците, особено домородното население, од кои поголемиот број биле [[монофизити]] и постојано биле прогонувани од [[КонстантинополЦариград]]. Населението многу бргу разбрало за даноците на калифатот, кои биле доста подобри за разлика од римските. Голем дел од армијата дезертирала и изразила непослушност како и голем дел од христијанските Копти. Иронично, некои од коптите верувале дека муслиманите ќе бидат потолерантни од Византијците, а дел од нив и го прифатиле исламот. Од друга страна пак, на христијанското население му се овозможило слободно да ја почитува својата религија.
 
По уништувањето на византиските сили во [[Хелиополис]], градот [[Александрија]] бил оставен практично без одбрана и се смета дека само мал дел од провинциските сили останале во самиот град. Градот во муслимански раце паднал на [[8 ноември]] [[641]] година. Влијанието на таков голем настан бил почувствуван во целиот [[Медитеран]]. Намалувањето на годишните пратки на [[жито]] од [[Египет]] и нанела решавачки удар на византиската економија. Освен тоа, Византија изгубила и големи финансиски средства од даноците на трговците кои патувале од [[Дамаск]] кон [[Александрија]]. Во следниот период имало неколку обиди на Византија да ја врати [[Александрија]]. Иако никој од нив не бил успешен за определен временски период, византиските сили биле во можност да ја вратат на кратко контролата врз градот во 645 година. Арапските хроничари напишале дека кон Александрија се упатиле голема флота и армија, на чело со Мануел. По влезот во градот, кое било без поголем отпор, византиската армија имала можност да го задржи градот. Муслиманите со сила од околу 15,000 војници започнале напад, но византиските сили започнале борба на отворено поле, по кое повторно биле поразени.